• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ: Безбедноста на новинарите ќе се зајакне со измени во Кривичниот законик

    ЗНМ: Безбедноста на новинарите ќе се зајакне со измени во Кривичниот законик

    • Категории Активности
    • Датум октомври 29, 2021

    „Безбедноста на новинарите“ беше темата на средбата на претседателот на Здружението на новинари на Македонија  – ЗНМ, Младен Чадиковски, со новинарите од Oхридскиот регион.

    По последните случувања во кои новинари беа спречени да известуваат за време на првиот круг од локалните избори, темата за зајакнување на безбедноста на новинарите е во фокусот на Здружението. Како што информираше претседателот на ЗНМ, Чадиковски, поголема безбедност ќе се постигне со измените во Кривичниот законик, за што има политичка волја, а дополнително измената треба да биде изгласана во законодавниот дом.

    Чадиковски информираше дека на инсистирање на ЗНМ, Владата усвои законски измени во однос на висината на казните за граѓански тужби за навреда и клевета, односно истите се намалуваат четирикратно како за новинарите  така и за уредниците и за сопствеништвото на медиумот.

    Ако досегашната максимална казна за новинар беше 2000 евра, сега максимална казна ќе изнесува 25. 000 денари, исто така се намалуваат казните за уредници меѓутоа пропорционално, ако претходно казната изнесуваше околу 5.000 евра за уредник, сега ќе биде околу 1.500 евра, а за медиумот и сопственикот од максималните 10.000 евра, казните се намалуваат на околу 3.000 евра, вели Чадиковски

    Тој додаде дека со овој Закон  ќе бидат опфатени професионалните медиуми,телевизии, радија, весници и онлајн порталите кои  се дел од професионалните здруженија.

    Од ЗНМ информираа дека после Нова година планирано е да започне да функционира и Фонд за медиуми преку кој ќе се финансираат проекти од јавен интерес. Инсистирањето на ЗНМ е барем половина од средствата кои се предвидени во овој фонд да се распределуваат на локалните и регионалните медиуми.

    За да се спречи корупцијата во распределба на средствата од Фондот, ќе биде формирана комисија од професионални лица од медиумската фела кој ќе вршат надзор на проектите од јавен интерес, што во основа би значело дека секој медиум ќе може да аплицира за создавање на одреден продукт, преку тип на напредно известување, додаде Чадиковски.

    Формирањето на ваков фонд ќе придонесе за помош на медиумите и за поквалитетна медиумска содржина а, на некој начин претставува супститут на финансирањето на медиумите од Владата или од општините, за што често се јавува дискусија помеѓу членовите од ЗНМ. Дел од медиумите инсистираат на бришење на членот 102 од Законот за медиуми со кој се регулира ваквиот начин на финансирање, за што ЗНМ смета дека доколку се направи ќе се поттикне корупцијата.

    Чадиковски информираше дека е доставен уште еден  предлог до Владата, а тоа е медиумите да бидат ослободени од плаќање давачки или намалување на плаќањето на давачки за вработените, за што има поволна клима да се реализира по Нова година.

    Според првичниот план од сегашните 37 отсто колку што се плаќаат придонеси за вработени во медиуми, би се намалиле  на 27 отсто, а ќе останат да се плаќаат 10 отсто кои се однесуваат на персоналниот данок. Ние ќе инсистираме ваквата измена да биде проследена и со  соодветно, пропорционално зголемување на платите на вработените, доколку медиумите можат тоа да го направат. Ние немаме механизам да им наредиме на сопствениците, но има механизам во најмала рака да не се случи намалување на платите. Наша тенденција е од намалувањето на давачките да им се овозможи поповолна финансиска клима и на сопствениците и на новинарите, истакна Чадиковски

    Инаку, денешната средба беше во организација на ССНМ и ЗНМ во рамки на заедничкиот проект „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Македонија.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЕК извештај: Новинарите се повеќе напаѓани и изложени на самоцензура, медиумите се финансиски неодржливи а МРТ има најнизок буџет во последните 10 години
    октомври 29, 2021

    Следен

    ЈАВЕН ПОВИК за доделување на награда за новинарски текст/видео на тема справување со загадувањето на воздухот во Република Северна Македонија
    ноември 1, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    naslovna (3)
    ЗНМ и МВР со протокол за безбедност на новинарите на интернет
    22 март, 2023
    slika incident stip
    Пријава до МВР за попречување во работа на снимател од М Нет ТВ во Штип
    17 март, 2023
    333431799_211449381490161_4674541961277658950_n
    Новинарите и обвинителите дискутираа за можните начини за заштита на слободата на изразување
    16 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?