• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ бара од ОЈО посебно одделение за решавање на напади кон новинари

    ЗНМ бара од ОЈО посебно одделение за решавање на напади кон новинари

    • Категории Активности
    • Датум октомври 1, 2020

    Претседателот Младен Чадиковски, директорот Драган Секуловски и адвокатот кој застапува група на новинари за нелегалното прислушување, Филип Медарски, вчера остварија средба со државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

    На средбата беа отворени повеќе прашања поврзани со подобрување на безбедноста на новинарите и медиумските работници и како Основното јавно обвинителство да биде повеќе активно во гонење на оние кои се закануваат на новинарите и ги повредуваат нивните права.

    Чадиковски укажа на зголемениот тренд на закани кон новинарите во 2020 година: „Во регистарот на ЗНМ за напади кон новинари од почетокот  на оваа година до овој момент бележиме 14 напади кон новинари, од кои повеќе од пола се кон жени новинари. Во 2019 година имавме само 4 напади вкупно и овој негативен тренд треба да го вклучи алармот пред сè во ОЈО, особено земајќи предвид дека според нашата евиденција нема ниту еден покренат обвинителен акт против напаѓачите“.

    Од страна на претставниците на ЗНМ беше побарана поголема проактивност за овие случаи од страна на обвинителството, а  беше и даден предлог за формирање на посебно одделение во обвинителството за гонење на напади кон новинари и медиумски работници. „Задачата на ова посебно одделение е да ги истражи не само повредите на правата на новинарите од оваа година, туку и постарите случаи, бидејќи само на тој начин ќе се подобри негативната пракса на неказнивост која во моментов е присутна“, истакна директорот Секуловски.

    Според Јовески, во наредниот период ОЈО ќе се заложи да ги провери случаите кои ги има регистрирано ЗНМ за напади кон новинари и ќе се разговара интерно за барањето за формирање на посебно одделение.

    Адвокатот Медарски во својство на правен застапник на ЗНМ за случајот со нелегално прислушкување на новинари, побара од државниот јавен обвинител помош во обезбедување на докази, дека телефонските броеви кои ги користеле новинарите критичниот период биле предмет на неовластено прислушкување. Оваа поддршка од ОЈО за оваа постапка е нужна во насока на дополнително аргументирање на тужбата во име на новинарите на кои им се прекршени нивните права во овој случај.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Средба на работна група за градење отпорност против насилниот екстремизам и тероризам
    октомври 1, 2020

    Следен

    Не за платената политичка програма од јавни пари
    октомври 2, 2020

    Можеби ќе Ве интересира

    Совет на честа
    Одговор на претставка против Зоран Божиновски
    6 февруари, 2023
    ZNM
    ЗНМ со пријава до МВР за закани на социјални мрежи
    5 февруари, 2023
    IMG_20230131_141527
    Иницијатива за заштита на авторското право на професионалните фоторепортери
    1 февруари, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?