• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ Академија за одговорно и слободно новинарство: „Тренинг – Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“

    ЗНМ Академија за одговорно и слободно новинарство: „Тренинг – Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“

    • Категории Активности
    • Датум октомври 30, 2023

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Европската федерација на новинари (ЕФН) и Иницијатива за Европска Перспектива (ИЕП), во рамките на Меѓународната недела на медиумска писменост, денеска ја презентираа иницијативата „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“ која има за цел да придонесе кон создавање поволна средина во која ќе се негува слободата на изразување и слободата на медиумите.

    Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски ја истакна потребата од создавање креативна атмосфера за слободно и независно новинарство.

    „Преку академијата ќе се обидеме да создадеме уште поподготвени новинари кои ќе бидат темелот на доброто информирање. На тој начин ќе се влијае на јавноста во насока на тоа да добијат точна, проверена и навремена информација, што е наша заедничка крајна цел. Потребата за градење капацитети во новинарството останува висока поради тековните, брзи промени во областа. Новинарите, и млади и искусни, мора да бидат приспособливи и континуирано да ги надградуваат своите вештини за да се справат со предизвиците на медиумскиот пејзаж кој постојано еволуира, додека ги поддржуваат основните вредности на новинарството. Мисијата на ЗНМ преку академијата е да придонесе кон градење на таа поволна средина“, рече Чадиковски.

    Генералниот секретар на Европската Федерација на новинари Рикардо Гутиерез изјави дека оваа иницијатива е од исклучително значење за слободните новинари, особено денес во ера кога новинарството е под постојан притисок за промени на подобро.

    „Тренингот е потребен повеќе од било кога земајќи ги предвид заканите кон новинарите и нивната безбедност. Посебен акцент треба да се даде на дигиталната безбедност и етичките предизвици со кои се соочуваат новинарите при вистинската и погрешната употреба на вештачката интелигенција. Според мене, ова се двете главни прашања за кои ни се најмногу потребни дополнителни вештини.  Важно е да кажеме дека обуките на новинарите се со цел да се добијат повеќе квалитетни и кредибилни информации, бидејќи ние не сме овде само заради професијата туку пред се за јавноста како краен консумент“ рече Гутиерез.

    На настанот „Многу лица, една мисија“ што се одржа во ААВМУ,  свој придонес во презентирање на идните активности на академијата за новинари и медиумски работници дадоа Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ,  Елена Миленкоска – Михаиловска, претседателка на Иницијатива за Европска Перспектива и Давор Пашоски кој беше на улога на надворешен соработник во изработка на анализа на претходно спроведената анкета.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Регионален центар ЗНМ од Битола: Конструктивни согледувања и идни насоки
    октомври 30, 2023

    Следен

    Напредок на стаклени нозе - извештај од Мисијата за проценка на состојбата на слободата на медиумите во Македонија
    октомври 31, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?