• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Зголемете ја вашата публика: Раскажете новинарски приказни на повеќе платформи!

    Зголемете ја вашата публика: Раскажете новинарски приказни на повеќе платформи!

    • Категории Активности
    • Датум февруари 22, 2021

    Дали сте новинар кој сака подобро да ги разбере најновите трендови кај публиката и предизвиците на медиумите во дигиталната ера? Дали сакате да креирате медиумска содржина прилагодена за следење на мобилен телефон или да ја вклучите вашата публика преку моќни, мулти-платформски новинарски приказни?

    Како дел од проектот „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во Западен Балкан и Турција“, Томсон Медиа го објави новиот онлајн курс за мулти-платформско новинарство.

    Овој курс е вашата почетна точка кон размислување и работа на повеќе платформи, создавајќи ангажирана новинарска содржина за поширока публика.

    Преку курсот, ќе научите како технологијата засекогаш го смени светот на медиумите. Ќе дознаете како подобро да ја вклучите публиката која се пренасочува кон нов вид содржина, формати и платформи. Курсот ќе ви понуди алатки за прилагодување на вашиот начин на креирање новинарска содржина за да одговара на видот на содржината што ја очекува публиката.

    Конечно, ќе научите како медиумските организации треба да реагираат на овие промени и кои се најдобрите практики за освојување на публиката на различни платформи.

    ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ:

    • Како технологијата го движи консумирањето медиумска содржина;
    • Кои се очекувањата на публиката на различните платформи;
    • Што можете да сторите за да се прилагодите на навиките на публиката
    • Како да креирате и како да прилагодите содржина за повеќе платформи.

    Онлајн курсот го организира Томсон Медија, а развиен е од Александар Манасиев, искусен новинар, тренер и консултант од Балканот, кој во последниве четири години беше главен уредник на дигиталниот медиум Види Вака.

    Специјален гостин на курсот е Крис Биркет, извршен директор и консултант за медиуми специјализиран за раководење редакции и ударни вести на ТВ, радио и дигитални медиуми. Биркет бил дел од лансирање на повеќе канали и медиумски производи низ континентите, вклучувајќи ги Sky News и BBC News Channel.

    Во курсот свој придонес дадоа:

    Бојан Цвејиќ, извршен директор и главен уредник на дневниот весник „Данас“, кој изврши успешна трансформација на „Данас“ во еден од најчитаните онлајн медиуми.

    Мите Кузевски, извршен директор на Фондација ИДЕА Југоисточна Европа и еден од основачите на Види Вака, еден од најуспешните македонски дигитални медиуми.

    Елира Кадриу, искусна мултимедијална новинарка на Citizen Channel во Албанија, која ги следи трендовите и најдобрите практики во производството на содржини за различни медиумски платформи.

    Пријавете се сега: Добијте сертификат и станете мулти-платформски новинар!

    Линк до курсот: Новинарство на повеќе платформи

    За повеќе информации во врска со нашиот онлајн курс за новинарство на повеќе платформи, контактирајте ја Маја Васиќ-Николиќ на  .  Курсот е организиран во рамките на проектот „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во Западен Балкан и Турција“ кој го спроведува БИРН Хаб во партнерство со: Томсон Медиа gGmbH (ТМ), Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), Европската радиодифузна унија (ЕБУ), Централноевропскиот универзитет (Центар за медиуми, податоци и општество на ЦЕУ), Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа  (МАСЕЕ), Центарот за истражувачко новинарство на Црна Гора (ЦИН ЦГ), Независниот синдикат на новинари и медиумски работници во Македонија (ССНМ), БИРН Албанија и БИРН Србија.

    Проектот е финансиран од ЕвропаАид / Европската комисија преку својата Регионална програма за обука и поддршка за подобрување на квалитетот и професионалноста во новинарството.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Дебата во организација на ЗНМ: МРТВ треба да биде лидер во промоцијата на професионални стандарди
    февруари 22, 2021

    Следен

    Јавните кампањи во медиумите треба да се бесплатни
    февруари 23, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?