• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Започна процесот за  изработка на нов Етички кодекс за новинарите и медиумите во Северна Македонија

    Започна процесот за  изработка на нов Етички кодекс за новинарите и медиумите во Северна Македонија

    • Категории Активности
    • Датум декември 27, 2024

    На иницијатива на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), започна процесот на консултации за изработка на нов етички кодекс за новинарите и медиумите. Новиот кодекс ќе ја замени постоечката верзија од 2001 година, со цел да ги одрази современите предизвици и потреби на новинарската и медиумската заедница.

    Како поддршка на процесот изработени се два важни документа, кои обезбедуваат аналитичка основа и насоки за модернизација на етичките стандарди во новинарството.

    Првиот, насловен, „Темелна ревизија на актуелните практики за етика во новинарството,“ ги анализира постојните предизвици и клучни слабости на постојниот кодекс, особено во делот на справување со дезинформации, говор на омраза и употреба на вештачката интелигенција, и нуди препораки околу зајакнување на транспарентноста, воведување на насоки за известување за ранливи групи и засилување на стандардите за проверка на фактите. Документот е достапен на македонски (линк) и албански јазик (линк).

    Вториот со наслов, „Од глобални искуства до локални стандарди: Етички предизвици и решенија во новинарството,“ нуди споредбена анализа на глобалните етички практики и предизвиците со кои се соочени медиумските саморегулаторни тела на земјите од Европа. Преку искуствата на етичките совети од повеќе европски земји, публикацијата укажува на предизвиците и предлозите за нивно решавања  како и насоки за подобрување во сферата на уредувачката независност, транспарентноста во финансирањето и справување со манипулативни медиумски практики. Особено внимание е посветено на етичките дилеми поврзани со употребата на новите технологии и алгоритмите, како и на потребата од заштита на малолетниците во медиумските содржини. Документот е достапен на следниот (линк).

    Консултациите остануваат отворени за сите медиумски професионалци, со цел да се создаде кодекс што ќе биде репрезентативен за сите сегменти на општеството. Процесот  кој започна во текот на втората половина на 2024 година, ќе продолжи во пролетните месеци во наредната година, со покана за активно вклучување на сите заинтересирани страни и поединци кои се подготвени да дадат вреден придонес во изработка на нов квалитетен етички кодекс кој ќе одговори на современите предизвици и ќе ја зајакне довербата на јавноста во медиумите. Првата нацрт верзија на документот ќе биде исто така објавена со цел сите заинтересирани да споделат коментари и размислувања.

    Изработката на новиот етички кодекс се реализира во рамките на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ што го спроведува ИРЕКС заедно со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ) во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ: ДКСК треба да го поддржи транспарентното известување, а не да го напаѓа медиумскиот сектор
    декември 27, 2024

    Следен

    ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката на СДК.МК
    јануари 6, 2025

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026
    169 (83)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Т-АЈМ ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
    5 октомври, 2026
    169 (80)
    Одржана Т-АЈМ обука за слобода на изразување, безбедност, истражување и етика во новинарството
    21 септември, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?