Започнаа обуките за новинари за етично известување на теми поврзани со „Насилен ектремизам и тероризам“

Со активно учество на дваесетина новинари успешно заврши првиот ден од тродневната обука на тема: “Насилен екстремизам и тероризам”. Во текот на следните два дена учесниците ќе можат да се запознаат и дискутираат на повеќе актуелни теми, како релевантноста на важните документи на ЕУ поврзани со насилна радикализација и случаи од Западен Балкан, Советот на Европа – слободата на изразување во ЕСЧП и судската пракса на Европскиот суд за човекови права, случаи од новинарската пракса, активности на институциите за спречување на насилен екстремизам и радикализација во Северна Македонија но и во регионот.
Овие онлајн работилници се наменети за новинари кои имаат неколку годишно искуство, млади новинари и студенти по новинарство или други сродни области како што се општествените и политичките науки и за оние кои сакаат да се стекнат со нови и / или ги продлабочуваат своите знаења и вештини при известување за случаите поврзани со насилен екстремизам и тероризам.
Главната цел на обуките е да се постигне општо разбирање на новинарите за начинот како да се известува за случаите поврзани со насилен екстремизам и тероризам.
Обуките ги реализираат двајца реномирани професори: Проф. д-р. Никола Дујовски од Факултетот за безбедност во Скопје и Проф. д-р. Дејан Миленковиќ од Факултетот за Политички науки во Белград, Србија.
Во текот на месец ноември ќе следат и останатите онлајн обуки кои се од особена важност зановинарите и другите медиумски професионалци. Програмата е дизајнирана да им помогне да ја завршат својата работа со информирање на јавноста за овие специфични настани. Една од целите на работилниците, покрај градењето на капацитетите на новинарите за објективно известување за насилниот екстремизам и тероризам и користењето на соодветниот етички кодекс поврзан со известувањето за тероризам (користење на соодветниот говор, избегнување на злоупотреба на слики кои што ги нарушуваат правата на жртвите, итн.).
Сево ова ќе треба да придонесе кон одржливоста на оваа активност во иднина. Ова значи дека обуките не само што ќе им овозможат на учесниците стекнување на ново знаење, туку исто така ќе ги мотивира да го користат истото во пракса, а со тоа ќе придонесат кон ублажување на негативните ефекти при известувањето за насилен екстремизам и тероризам.
Учесниците на обуките откако ќе го завршат тро-дневниот курс ќе бидат поканети да изработат тематски статии на теми релевантни за насилиниот екстремизам и тероризам во групи кои потоа ќе бидат објавени на македонски и албански на веб странта на ЗНМ.
Обуките се дел од програмските активности во рамките на проектот „Градење на отпорност против насилниот екстремизам и тероризам преку зајакнати новинари, медиуми и владини претставници“ спроведуван од Здружението на новинари на Македонија во партнерство со Иницијатива за европска перспектива ИЕП и Институтот КОНИЦА.
Проектот е финансиран од Хедаја (Hedayah, International Centre of Excellence for Countering Violent Extremism), Абу Даби во рамките на глобалната програма STRIVE програмирана од ЕУ.