• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Заедничка работилница на ЗНМ и Лекарската комора на Македонија: „Стручен надзор и лекарска грешка – концепти и разлики“

    Заедничка работилница на ЗНМ и Лекарската комора на Македонија: „Стручен надзор и лекарска грешка – концепти и разлики“

    • Категории Активности
    • Датум април 20, 2023

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со Лекарска комора на Северна Македонија организираа работилница на тема „Стручен надзор и лекарска грешка – концепти и разлики“ чија цел е унапредување на соработката и меѓусебното разбирање помеѓу двете фели. 

    Настанот го отвори Мишко Иванов, член на Управниот одбор на ЗНМ кој ја поздрави иницијативата за ваков вид средби бидејќи на тој начин ќе се подобри односот помеѓу новинарите и лекарите.  

    Ирена Мулачка, новинарка која известува за теми од здравство зборуваше за истражување за лекарски грешки преку примери од пракса низ годините, каде што учесниците имаа можност да се запознаат процесот на добивање сторија, истражување, чекање на информации, барање докази, изјави од повеќе извори и на крајот, објава на приказната. Мулачка зборуваше и за одговорноста која ја имаат и новинарите пред јавноста во врска со стории од област здравство, посебно кога станува збор за сензитивни теми. 

    Пред присутните се обрати и претседателката на Лекарска комора, проф д-р Калина Гривчева Старделова која се задржа на правата, обврските и надлежностите на комората, како и на информациите во врска со процедурите на работа кои можат и смеат да бидат споделувани со јавноста, односно како се одвива стручниот надзор во земјава и во земјите од Европа. На тема надлежности и активности, се обратија Д-р Рената Станков, директорка на ДСЗИ и проф. д-р Александар Станков, кој е на чело на Судска медицина. 

    Двете организации се согласни дека постои потреба за подигнување на нивото на соработка и комуникацијата меѓу новинарите и лекарите преку активности со цел унапредување на положбата на лекарите и медиумските работници во кризни состојби,  реализација на заеднички активности насочени кон едукација со цел подигнување на квалитетот на медиумското известување поврзано со прашања од здравствената сфера.  

    За време на дискусијата се вклучија учесниците од двете страни со предлози за конструктивна  соработка во иднина, со цел да се зголеми транспарентноста и достапноста на докторите од една страна, а од друга страна да се запазат принципите на известување кај новинарите, односно секогаш да се почитува Кодексот за етика.  

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Почина колешката Хилда Кондовска
    април 20, 2023

    Следен

    Одговор по претставка поднесена од „Координативно тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје“ против повеќе медиуми-портали
    април 26, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    20230601_113632
    ЗНМ: Презентирани предизвиците на новинарите пред институциите во Брисел
    1 јуни, 2023
    3
    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    28 мај, 2023
    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?