• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Заедничка работилница на Здружението на новинари на Македонија и Лекарската комора на РС Македонија: Eтиката на професиите во услови на пандемија

    Заедничка работилница на Здружението на новинари на Македонија и Лекарската комора на РС Македонија: Eтиката на професиите во услови на пандемија

    • Категории Активности
    • Датум февруари 1, 2022

    Здружението на новинари и Лекарската комора организираа работилница на тема „Ковид-19 како предизвик за етиката на професиите“, на која лекарите и новинарите дискутираа околу предизвиците со кои се соочуваат за време на пандемија. Оваа работилница следува по потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу двете институции, со кој се подигнува нивото на комуникација меѓу лекарите и новинарите и се продлабочува нивната соработка со цел јавноста да биде навремено и објективно информирана што е особено важно за да се подигне и квалитетот на здравствената заштита.

    Во име на Лекарска комора поздравно обраќање имаше заменик претседателот д-р Илбер Бесими, а од Здружението на новинари, претседателот Младен Чадиковски. Пред присутните се обрати и проф. Д-р Калина Гривчева Старделова, Претседател на Лекарската комора на Северна Македонија.

    Ставовите на докторите и предизвиците со кои тие се соочуваат за време на пандемија како и важноста на медиумите ги презентираа д-р Никола Граматиковски на тема  „Лекарска етика: Можности, предизвици и улога на медиумите“ и проф. д-р Билјана Јанеска на тема „Етиката во услови на пандемија: Третман и известување“.

    “Медицинска етика не е ексклузивно право на докторите и на правниците филозофите бидејќи ги засега сите на кои се однесува правото на живот и на здравје. Централно место во медицинската етика има соочувањето на аргументите, преку нивната борба да ја испровоцира јавноста за да излеземе од строгите правила на конвенцијалната практика и размислување“, истакна д-р Граматиковски.

    Проф. д-р Јанеска истакна дека новиот вирус Ковид-19 создаде притисок врз јавното здравство, затоа е неопходно јавноста брзо да се запознае да научи и да формира став како да се однесува на новонастанатите услови. Потребни се и аналитички  и едукативни натписи, како и  на продлабочени, синтетски студии за проценка на начинот на лекување.

    Во име на новинарите зборуваа Менче Атанасова Точи на тема „Кодекс на новинари: Предизвици во услови на пандемија“ и Ирена Мулачка на тема „Транспарентноста како предуслов за објективно информирање на граѓаните“.

    „Лекарите ги слушнаа предизвиците и тешкотиите со кои се соочуваат новинарите кои ја следат состојбата со пандемијата овие две години. Новинарите ги слушнаа ставовите на лекарите и се согласивме како треба да се премостат недостаците. Ова доаѓа во исто време кога се отвора можност за полесна достапност до официјални информации од Комисијата за заразни болести и се разбира од лекарите кои се најмногу инволвирани во процесот на справување со пандемијата и лекување. Така што, понатаму ќе биде многу повеќе олеснет пристапот, полесно ќе се објавуваат навремени и објективни информации поткрепени од официјални извори“, потенцираше Атанасова Точи. 

    Ирена Мулачка истакна дека страшната пандемија на површина ги извади сите недостатоци на здравствениот систем, недостигот на лекари и медицински персонал во сите болници.

    „Кога започна пандемијата прво беше кажано дека новинарите не треба да креваат паника, но тоа не значи дека новинарите не треба да кажат точно и објективно тоа што се случува низ здравствените лавиринти. Здравствените власти беа транспарентни само до таму кај што на нив им одговара,  а многу прашања останаа неодговорени“, истакна Мулачка.

    Во наредниот период Здружението на новинари на Македонија и Лекарска комора на РС Македонија ќе организираат и нови настани, а темите на кои ќе се разговара, како што беше истакнато, треба да доаѓаат од лекарите и новинарите. 

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ: Осуда за непрофесионалниот однос од страна на државен службеник кон новинар на ТВ21
    февруари 1, 2022

    Следен

    СЈ: Властите да откријат кој им се заканува на новинарите во Црна Гора
    февруари 3, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    naslovna (3)
    ЗНМ и МВР со протокол за безбедност на новинарите на интернет
    22 март, 2023
    slika incident stip
    Пријава до МВР за попречување во работа на снимател од М Нет ТВ во Штип
    17 март, 2023
    333431799_211449381490161_4674541961277658950_n
    Новинарите и обвинителите дискутираа за можните начини за заштита на слободата на изразување
    16 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?