• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Заедничка посветеност за заштита на новинарите како предуслов за поголема безбедност на медиумските работници

    Заедничка посветеност за заштита на новинарите како предуслов за поголема безбедност на медиумските работници

    • Категории Активности
    • Датум ноември 19, 2025

    Споделувањето на клучните ризици со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници и механизмите што институциите ги применуваат за нивна заштита беа фокусот на денешната дискусија на стручен настан во Скопје. Учесниците споделија искуства за трендовите во физичките и онлајн закани, за ефектите од новите законски решенија, како и за полициските и правосудните процедури што се активираат при напади кон новинари и медиумски работници.

    Посебен акцент беше ставен на улогата на редакциите и регулаторот во создавање побезбедна работна средина, како и на потребата од посилна меѓусекторска координација и побрза, поефикасна институционална реакција.

    Во своето обраќање, директорот на ЗНМ, Драган Секуловски, нагласи дека и покрај намалениот број физички напади во 2025 година, работата на новинарите не станува полесна: „Онлајн притисоците растат со секој ден. Наш приоритет е секоја закана од коментар на интернет па до физички напад да биде препознаена и третирана сериозно и институционално.“

    Претставникот на Фондацијата Фридрих Еберт, Валон Садики, потенцираше дека безбедноста не е само техничко, туку и општествено прашање: „Новинарите можат да работат слободно само во средина што ги штити. Затоа од особено значење е здружената работа на сите чинители.“

    Своето обраќање пред учесниците го имаше и Генералниот секретар на Европската федерација на новинари (ЕФН), Рикардо Гутиерез, кој предупреди дека проблемот со неказнивоста останува клучен: „Кога нема соодветна реакција и одговорност, се создава простор за потенцијални нови закани и напади. Ова е европски, не само локален предизвик.“

    На настанот свое обраќање имаше и раководителот на одделението за аудио-визуелни политики во Министерството за дигитална трансформација, Мишко Талески, кој зборуваше за  дигитална трансформација и медиумска безбедност, за значењето на дигиталните алатки и системите за поддршка во заштитата на новинарите и медиумските работници.

    Свои излагања на настанот имаа и новинарот Огнен Чанчаревиќ од ТВ Телма, кој го сподели своето лично искуство од терен: „Секогаш е потребно детално планирање, понекогаш една секунда внимателно проценување е поважна од целата репортажа. Кога си на лице место, ризиците се многу реални.“

    Уредникот на ТВ Алсат, Адриан Керими, потсети на значењето на редакциската поддршка: „Уредникот е тој што мора да обезбеди план, протокол и поддршка. Репортерот не смее да биде оставен да се снаоѓа сам.“

    Во рамки на настанот, претставниците на МВР, ОЈО и АВМУ ја нагласија заедничката определба за унапредување на системот за заштита на новинарите и медиумските работници. Претставничката од АВМУ, Ивана Стојановска, даде осврт на улогата на регулаторот во градењето посигурна и поддржувачка медиумска средина. Следеше обраќањето на Помошник-министерот за односи со јавност и стратешки прашања при МВР, Мухамед Исмаили, кој ги претстави актуелните полициски протоколи и процедурите за постапување при напади врз новинари, потенцирајќи дека нивната примена веќе носи позабележлива институционална реакција.

    Од правосудниот сегмент, обвинителот Дејан Петревски од Основното јавно обвинителство во Скопје, даде преглед на тековните предизвици во процесирањето случаи поврзани со закани и насилство врз новинари, истакнувајќи ја потребата од континуирана координација меѓу сите надлежни институции.

    Настанот заврши со заедничка порака дека подобрувањето на безбедноста на новинарите бара континуирана работа, взаемна доверба и функционални институционални одговори. ЗНМ останува посветено на оваа цел и на активно партнерство со релевантните институции и меѓународни организации.

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) во Скопје, беа организатори на овој настан, кој се одржа на 19 ноември во Скопје.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ поднесе пријава до МВР за малициозен онлајн напад на профилите на „Слободен печат“
    ноември 19, 2025

    Следен

    Промовирана компаративна анализа и препораки во борбата против SLAPP тужбите
    ноември 20, 2025

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?