Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Екстрадицијата на Божиновски е политичка мотивирана

ZNM
Friday 22 April, 2016Friday 22 April, 2016/ Friday 22 April, 2016

Здружението на новинарите на Македонија изразува разочараност и загриженост од одлуката на спрските власти да го екстрадираат во Македонија новинарот Зоран Божиновски, обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Веруваме дека експресната одлука на српските власти за есктрадиција е политички мотивирана и ќе предизвика сериозна штета врз слободата на медиумите не само во Македонија, туку и пошироко во регионот.

Со екстрадицијата Србија свесно го изложува на напотребен ризик новинарот Божиновски иако претходно беа информирани за заканите што врз него ги упатуваа највисоките претставници на власта. Српската влада ќе сноси одговорност ако Божиновски во македонските затвори биде изложен на нечовечки третман.

Чудно е што Србија како земја која преговара за членство во Европската унија не може да земе во заштита новинар кога повеќе од јасно е дека во матичната држава нема минимални услови за фер судење поради нарушената доверба на јавноста во судскиот систем.

Перверзно е да се екстрадира новинар во земја каде тајната полиција е вмешана во масовно прислушување на нејзините граѓани, а Претседателот на државата го амнестира целиот политички врз на земјата за тешки криминални дела.

ЗНМ обезбеди правна помош на колегата Божиновски и побара од канцеларијата на народниот правобранител Иџет Мехмети да го посети Божиновски во затворот.

 

Со почит,

Здружение на новинарите на Македонија

 

Скопје, 22.04.2016 година

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin