Европска федерација на новинари (ЕФН): Бараме транспарентност во случајот на Кочо Анѓушев против новинари

Судската постапка по тужбата за клевета што ја поднесе поранешниот Заменик претседател на Владата на Северна Македонија, Кочо Анѓушев, мора да се води максимално транспарентно.
Европската федерација на новинари (ЕФН) се приклучува на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во осудата на одлуката на судијката Јованка Спировска Панева, која на 13-ти октомври 2023 година, го затвори за јавност судското рочиште за случајот против ИРЛ.
Присутните новинари и претставниците на јавноста, на ова судско рочиште, беа приморани да ја напуштат судницата. ЕФН, понатаму, ја поддржува правната постапка што ја поведе ЗНМ против оваа одлука.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поднесе барање до Судскиот совет за оспорување на одлуката на судијката Јованка Спировска Панева. Случајот е дел од тужбата за навреда и клевета што Кочо Анѓушев, поранешен Заменик претседател на Владата на Северна Македонија, ја поведе против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и главната уредничка Сашка Цветковска за истражувањето насловено како „Заговор против воздухот“ објавено на 16-ти мај 2021 година.
ЕФН и ЗНМ сметаат дека не постои легитимна правна основа за одлуката на судијата. Исклучувањето на новинарите и другите набљудувачи покажува намера за цензура во случај кој ја засега слободата на изразување, но и правото на граѓаните на Македонија да бидат информирани за сериозна закана по јавното здравје.
Во декември 2021 година, ЗНМ во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) на ИРЛ им ја додели наградата за најдобра новинарска истражувачка сторија за нивниот извештај за аерозагадувањето во Северна Македонија.
Оваа реакција на ЕФН е во рамките на механизмот за Брзи реакции за слободата на медиумите (Media Freedom Rapid Response (MFRR) кој ја следи состојбата со и реагира на кршењето на слободата на медиумите во земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати.
Линк до соопштението на ЕФН – https://europeanjournalists.org/blog/2023/10/23/northern-macedonia-efj-demands-transparent-justice-in-kocho-angushev-case/