• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • Европската Комисија со потврда за активностите на Здружението на новинари (ЗНМ) и на Советот за етика во медиумите (СЕММ)

    Европската Комисија со потврда за активностите на Здружението на новинари (ЗНМ) и на Советот за етика во медиумите (СЕММ)

    • Категории Соопштенија
    • Датум октомври 8, 2020

    Во Извештајот за напредокот на земјата интензивирањето на заложбите за саморегулација се посочува како фактор за напредок на професионалните стандарди и квалитетот на новинарството, а во делот поврзан со слободата на изразување се нотира и формирањето на Регистарот на онлајн медиуми (promedia.mk) од страна на ЗНМ и СЕММ, како механизам за саморегулација во оваа сфера низ доброволно приклучување на медиумите. Токму главната цел на овој Регистар е да ѝ помогнеме на јавноста полесно да препознае кои медиуми ги исполнуваат критериумите за членство и се придржуваат до стандардите на етичкото известување при своето работење и оваа идеја е препознаена од страна на Европската комисија. 

    Генералната оценка во извештајот, во однос на Поглавјето 23, во делот на слободата на изразување, е дека: „Земјата има одредено ниво на подготвеност / е умерено подготвена во областа на слободата на изразување и е постигнат ограничен напредок во текот на периодот на кој се однесува извештајот“. 

    Понатаму, се додава дека „целокупната состојба и климата во која што дејствуваат медиумите остануваат генерално погодни за нивната слобода и овозможуваат критичко известување“. Но, сепак реалноста потврдува дека сè уште постојат ограничувања за слободен и непречен пристап на медиумите до информации, особено во контекст на кризата предизвикана од ковид-19, но и случаи во коишто извесен број на медиуми сериозно потфрлиле во исполнувањето на својата улога да информираат во интерес на јавноста.  

    ЗНМ и СЕММ потсетуваат дека повеќепати е укажано на политичари, креатори на јавно мислење и центри на моќ кога се обидувале да ја избегнат својата одговорност за транспарентно и отчетно однесување кон јавноста и кога медиумите ги претставувале или третирале како непријателска страна, барајќи од нив сериозен однос кон процесот на информирање, без рестрикции, импровизации и фаворизирање. И покрај неколкуте позитивни примери во кои имало јавно извинување за односот кон новинарите, сепак во извештајот е истакнат проблемот дека „политичарите и јавните функционери потребно е да имаат поголем праг на критика и да го промовираат начелото на слобода на изразување“.  

    Проблеми во новинарското известување беа забележани и во предизборниот и изборниот период во државата, а ЗНМ и СЕММ реагираа и ги предупредија медиумите дека со тоа не само што сериозно ги нарушиле етичките стандарди и норми за известување, туку и се однесувале во спротивност со Изборниот законик, на штета на изборниот процес и послужиле како орудие во рацете на партиски центри.  

    Двете организации веќе реагираа дека дел од онлајн медиумите каде што беа забележани ваквите случаи се наоѓаат на списокот на Државната изборна комисија за платено политичко рекламирање со парите на сите граѓани, од Буџетот и дека со непочитувањето на фундаменталните принципи на известување тие се ставале во ист кош со професионалните редакции.  

    Во делот кој се однесува на заплашување кон новинарите, се цитира статистиката на ЗНМ за напади кон новинари, а препораката е слична и на минатите години и вели дека треба да се: „обезбеди брзо и ефективно следење од страна на органите за спроведување на законот и судските органи на сите случаи на физичко и вербално насилство врз новинари“.  

    Извештајот, исто така, се осврнува и на проблемот кој се однесува на платената политичка програма и вели дека „новата пракса политичките партии да користат јавни фондови за оваа намена создава грижа помеѓу новинарските асоцијации дека има можност да се влијае на независноста на медиумите“. 

    Реформата на јавниот сервис и оваа година не е изоставена во извештајот на ЕК и во овој дел се констатира проблемот за независноста на финансирањето, како и фактот дека МРТ добива помалку пари кои се предвидуваат со закон, а ова го доведува во прашањето и на функционирањето на овој медиум. 

    Со оглед на фактот што клучните забелешки од Брисел се однесуваат, всушност, на проблеми што и нашите организации ги нотираат, и СЕММ и ЗНМ, уште еднаш, заеднички апелираат да се засилат напорите, пред сè, од страна на институциите на државата во овозможувањето на услови за непречена работа на новинарите и на медиумите.  

    Паралелно со тоа бараме и поголема одговорност во однос на етичкото известување на медиумите, особено во услови на општествени кризи и предизвици. 

    Фото. МИА.мк

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Собрание на ЗНМ: Стоп за насилството врз новинарите, најавени протести
    октомври 8, 2020

    Следен

    ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Осуда за заканите и дискредитациите кон новинари
    октомври 12, 2020

    Можеби ќе Ве интересира

    IMG_20230127_141258
    ЗНМ и МВР: преку подобра комуникација до поголема безбедност на медиумските работници
    28 јануари, 2023
    Untitled-design SJN napad
    SafeJournalists: Албанскиот новинар Елвис Хила и неговата сопруга физички нападнати
    27 јануари, 2023
    ZNM
    Чадиковски до Митрев: Слободното новинарство постои за граѓаните и за заштита на јавниот интерес
    25 јануари, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?