Државна награда „8ми септември“ за колегата Атанас Костовски

Во Собранието на Република Северна Македонија, вчера беа доделени наградите „8ми Септември“ – највисоко признание за животно дело и признанија за остварувања во областа на спортот од страна на државната Агенција за млади и спорт.
Наградата „8ми септември“ со која се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот беше доделена и на Атанас Костовски – доајен на македонското спортско новинарство.
Колегата Костовски беше номиниран по иницијатива на Спортската секција при ЗНМ токму заради неговите професионални достигнувања во неговата долгогодишна и плодна кариера.
Кариерата ја започнува во 1957 година, а ја продолжува во редакциите на најзначајните медиуми во Македонија. Во текот на новинарската професија покрај редовните ангажмани, Костовски е дел од коментаторските екипи на 2500 значајни спортски настани, зад себе има четири публикации и низа извршени општествени функции.
Благодарност до колегата Костовски за огромниот придонес во спортското новинарство, но и во новинарството воопшто!