Доделување сертификати на учесниците на стручниот семинар на тема:„ Стратешки тужби против јавното учество (SLAPP), компаративни искуства и пракса за препознавање и превенција“
Здружението на новинари на Македонија и канцеларијата на Советот на Европа на 28.06.2022 доделија сертификати за учество на дел од учесниците на стручниот семинар на тема:„ Стратешки тужби против јавното учество (SLAPP), компаративни искуства и пракса за препознавање и превенција“ што се одржа од 14 до 16 април во Гевгелија.

Доделувањето на сертификатите за учество се одвиваше во неформална атмосфера, на која присуствуваа дел од учесниците како и претставници од Совет на Европа.