Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Доделени наградите за конкурсот: „Награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2018 година во Северна Македонија“

ZNM
Thursday 20 June, 2019Thursday 20 June, 2019/ Thursday 20 June, 2019

Здружението на новинарите на Македонија и Македонското здружение на млади правници во соработка со Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации во Скопје, ги доделија наградите за конкурсот за „Награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2018 година во Северна Македонија“.

На свечениот настан кој се одржа во просториите на Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје беа доделени три новинарски награди и тоа: напис или серија написи; емисија, прилог или краток документарец; признание за континуирано професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2018 година во Република Северна Македонија.

Наградата за напис или серија за написи и припадна на Јасмина Јакимовска за написот под наслов „Репортажа од Центарот за баратели на азил во Визбегово: Ретки се тие што остануваат во Македонија“, објавен во Радио МОФ.

Наградата за емисија, прилог или краток документарец и припадна на Катерина Топалова за прилогот под наслов „Мигрантска голгота “, објавен на МТВ 1.

Комисијата за доделување на ,,Наградата за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2018 година во Република Северна Македонија” одлучи на новинарот Синиша Станковиќ да му додели Признание за континуирано професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2018 година во Република Северна Македонија.

На доделувањето на наградите присуствуваше Дениз Сулејман, претставник на ЗНМ, кој истакна дека овие награди се однесуваат на мошне сензитивна и актуелна тема и тоа не само во земјава туку и во светот.  Тој им честиташе на добитниците на наградите и порача оваа традиција и понатаму да продолжи, а темата да остане во фокусот на јавноста бидејќи се работи за човечки судбини.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin