• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Дали државата работи со младите за да не се вклучат во тероризам?

    Дали државата работи со младите за да не се вклучат во тероризам?

    • Категории Активности
    • Датум јануари 5, 2021

    Отсуството на стабилна економска клима, во комбинација со зачестените политички кризи и демократскиот дефицит во државата, сè повеќе е причина за масовно иселување на младите во странство. Од друга страна, високиот процент на невработеност на младите во земјава, како и нивната нестабилна финансиска состојба се клучни фактори што влијаат врз степенот на нивна социјализација и интеграција во заедницата. Овие состојби, заедно со други фактори, со себе носат потенцијал за радикализација на младиот човек, што, пак, може да има фатални реперкусии не само врз неговиот, туку и врз животот на целото општество, особено во мултиетнички средини.

    Граѓанските организации коишто во својот фокус ги имаат младите луѓе можат значително да придонесат во превенција од радикализација, преку нивните активности и со континуирана заложба младите да бидат активни чинители во општеството во коешто живеат и работат.

    Според оценките на организации од граѓанскиот сектор во Република Северна Македонија, младите се најранлива категорија и честопати мета на естремистичките регрутери. Од Коалицијата на младински организации „СЕГА“, која последните три години активно работи  на превенција од радикализација и насилен екстремизам меѓу младите, посочуваат дека главни причини за тоа се потрагата по идентитет, потребата за значајно место во општеството, изразените чувства на неправда и фрустрација на младите во општеството. Екстремистичките групи ја злоупотребуваат ранливоста на младите во замена за нивна социјална сигурност. 

    „Во 2018 година го спроведовме проектот „Младинска работа во превенција од насилен екстремизам“, структурен дијалог меѓу млади и носители на одлуки. Резултат на проектот се „Препораки за превенција на насилен екстремизам меѓу младите“, вели Зоран Илиески, извршен директор на „СЕГА“.

    Тој додава дека овој документ опфаќа широка лепеза мерки, адресирани до министерствата за образование и наука и за внатрешни работи, до општините, центрите за социјална работа, здравствените установи, верски заедници, спортски клубови и други граѓански здруженија. Ова, всушност, се општествените чинители кои што имаат капацитет и легитимитет да ги превенираат насилниот екстремизам и радикализацијата на младиот човек.

    „Минатата година бевме вклучени во проект за подигнување на свеста кај младите за социјална инклузија, нивно активно учество во промоција на толеранција, кохезија и почитување на човечките права“, објаснува Илиески и смета дека ова е еден од начините за превенирање  радикализацијата на младите.

    Подемот на радикализацијата на младите што доведува до насилен екстремизам е сериозен проблем на глобално ниво, што, секако, не ја одбегнува и нашата земја, забележуваат од „Младински Сојуз – Крушево“. Според оваа младинска организација, особено загрижувачка е политичката радикализација на младите преку потенцирање на меѓуетничките односи и индоктринацијата со националистичка идеологија.

    „Како младинска организација се стремиме кон сензибилизација во однос на сите проблематични аспекти кои водат кон каква било радикализација и екстремизам кај младите. Во последните две години активно работиме на интензивирање и подобрување на релациите меѓу младите од Северна Македонија и Грција. Националистичката радикализација меѓу младите во пограничниот регион сè уште постои, и покрај потпишувањето на Преспанскиот договор. Затоа, активно работиме на основање канцеларии за младинска соработка и на подигнување на свеста во јавниот дискурс за важноста на вклученоста на младите во процесите на помирување. Градењето на институционален механизам за зближување на младите од двете земји, овозможувајќи им единствена можност да соработуваат и да се запознаваат едни со други, се клучни фактори за надминување на национализмот и предрасудите кај младите“ оценува Анелија Митрова, дел од тимот на „Младински Сојуз – Крушево“.

     Владата во 2018 година ја усвои  Националната  стратегија за превенција од насилен екстремизам и борба против тероризмот. Овој документ е со временска рамка за спроведување до 2022 година. За поефикасно спроведување на Стратегијата изработени се акциски планови кои, исто така, се усвоени од Владата.

    Во државата постои и Национален комитет за борба против тероризам и спречување на насилен екстремизам. Во работата на Комитетот учествуваат неколку институции, меѓу кои свој претставник има и Министерството за образование. Ова тело работи на усвојување стратешки документи кои се однесуваат на детектирање и спречување на разни форми на насилство и асоцијални појави, кои потоа се вградени и во наставните програми. На тој начин, велат од ресорното Министерство, учениците уште од најрана возраст, од почетокот на формалното образование, па сè до завршувањето, учат за опасностите од учество и делување во организации чии цели се поврзуваат со насилство и тероризам.

    „ Покрај државните институции и координираниот пристап, и низа граѓански организации од земјата и надворешни партнери се вклучени и даваат поддршка на овие активности. Во завршна фаза е развивање на Национални стандарди за основното образование, со кои се определени компетенциите што треба да ги стекнат учениците на крајот на основното образование. Во нив се вградени клучните компетенции за доживотно учење, опфатени во Препораата на Советот на Европската унија од 2018 година.  .

    Член во телото за Национална стратегија која работи на елиминирање на насилствата и борбата против тероризмот има и од Министерството за труд и социјална политика. Сите активности, велат од Министерството, се спроведуваат во согласност со законските надлежности и постоечките капацитети, како институционални. така и човечки ресурси. Објаснуваат дека во овие активности се вклучени стручните лица од центрите за социјална работа, како што се социјални работници, психолози, педагози и правници. Центрите за социјална работа имаат обврска, во согласност со  Законот за социјална заштита, да ги прифатат лицата странски борци терористи кои отслужиле казна затвор , доколку побараат каква било помош, во смисла на психосоцијална поддршка или правна помош за вадење на лична документација доколку им е изгубена. Овие активности се спроведуваат во координација со сите институции, како што се Управата за извршување санкции, социјален работник од казнено – поправен дом, како и локалните управи за внатрешни работи.

    На барањето информација за тоа како делуваат Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за млади и спорт на тема превенција кај младите лица за да не западнат во терористички групи или организации, за потребите на овој текст, одговор не добивме.

    Автори на истражувачката сторија: Иле Петревски, Климентина Ѓорѓиоска, Лаура Стојанова, Марија Биковска

    Оваа статија е изработена во рамки на проектот „Градење отпорност против насилниот тероризам и екстремизмот преку зајакнати капацитети на новинари, медиуми и владини претставници” (Building resilience against violent terrorism and extremism through reinforced journalists, media and government officials), финансиран од страна на Европската унија во рамки на програмата СТРИВЕ Глобал (Strengthening Resilience to Violent Extremism -STRIVE Global) преку Хедаја (Hedayah, International Centre of Excellence for Countering Violent Extremism)
    Содржината на статијата е одговорност единствено на авторите и ЗНМ, ИЕП и Институт Коница и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите и гледиштата на Европската Унија 

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЛОКАЛНИТЕ СОВЕТИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО БОРБА ПРОТИВ НАСИЛЕН ЕКСТРЕМИЗАМ И ТЕРОРИЗАМ
    јануари 5, 2021

    Следен

    Меѓусекторската соработка како фактор за борбата против тероризмот
    јануари 8, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    20230601_113632
    ЗНМ: Презентирани предизвиците на новинарите пред институциите во Брисел
    1 јуни, 2023
    3
    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    28 мај, 2023
    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?