• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ГРАЃАНСКИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ ВЛЕГОА ВО ОПШТИНИТЕ, НО ВЛАСТИТЕ ГИ ГЛЕДААТ КАКО НЕПРИЈАТЕЛИ ЗАШТО БАРААТ ОТЧЕТНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО

    ГРАЃАНСКИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ ВЛЕГОА ВО ОПШТИНИТЕ, НО ВЛАСТИТЕ ГИ ГЛЕДААТ КАКО НЕПРИЈАТЕЛИ ЗАШТО БАРААТ ОТЧЕТНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО

    • Категории Активности
    • Датум септември 27, 2024

    СТОРИЈА 2

    На локалните избори во 2021 година, на советничката листа во неколку општини се појавија граѓански иницијативи, кои добија голема поддршка од граѓани и влегоа со советнички групи во Советите на Општините и Градот Скопје. Во Општина Центар, граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ доби четири советнички места, во Општина Карпош, „Независни за Карпош“ имаат двајца советници, во Општина Битола, независната група „Поинаку“ е присутна со тројца советници, а во Град Скопје, двајца советници има „Зелен хуман град“.

    Нетранспарентноста, партиските вработувања и корупцијата, особено во делот на урбанизмот, беа главен мотив на овие граѓански иницијативи да преземат одговорност и да се спротивстават на партиските кадри, кои само се менуваат, но праксите на лошо владеење остануваат.

    Три години откако се советници велат дека битката оди тешко, општините продолжуваат со нивната нетранспарентност во однос на работата и трошењето на народните пари, а во нив гледаат непријатели само за тоа што бараат отчетност во работењето.

    Јана Белчева, која беше и претседателка на Советот на Општина Центар од 2017-2021 година, вели дека работата е хаотична, базирана на наследени пракси и без лидерство. Основниот проблем, додава таа, е што во Oпштина Центар не постои споделена визија и цели што треба да им се јасни на сите вработени и кон кои треба сите да се стремат во своето секојдневно професионално дејствување.

    „Сериозно е и што службите во Општината се превработени со партиски кадри, па тие се чувствуваат заштитени со своите книшки, лојалноста им ја покажуваат на партиите, а целите и визиите на Општината им се далечни и неразбирливи, ниту, пак, некој работел со нив за да им станат разбирливи и блиски. Со чест на неколкумина професионалци што ги сретнав и што се вистинска реткост. Во таква средина, во Општина Центар, тешко е да се постигне отвореност, транспарентност и соработка со лица што првпат влегуваат во институциите, како што се советниците од независните групи или како што бев јас“, вели Белчева.

    Белчева, како дел од Советот на Општина Центар во два мандати, вели дека транспарентноста и отвореноста изостануваат бидејќи недостига процес на донесување одлуки базиран на податоци, анализи и на следење на состојбите и постигнување на резултатите. Отвореност и соработка, како и размена на податоци не постои ни меѓу секторите, па комплексно размислување за постигнување цели не може ни да се замисли.

    „Ако тука се надополни и корупцијата и тргувањето со влијание и позиции, не може ни да се очекува дека некој сака да ги промени состојбите за јавно добро, за јавен интерес или за заеднички споделени цели. Отпорот е резултат на сите горенаведени елементи. Тој се појавува од наједноставни прашања, како, на пример, кога гласавме за извештај, се зборуваше за купени и поставени жардиниери, но не и за локациите каде што се реално поставени. При посложени прашања, како, на пример, ажурирање на базата на податоци за даноци на имот со меѓусекторска поврзаност на секторот урбанизам, кој издава дозволи за градби и секторот за финансии, наидувавме на зачуденост од размислувањето и идејата која никој до тогаш ниту ја пласирал, ниту ја побарал како акција. Најтрагично е кога граѓанските иницијативи сакаат да ги надминат наследените пракси во Општина Центар. Тогаш се јавува здружен отпор од сите службеници, кои сакаат и знаат да пливаат само во матно, а реченицата што се повторува – „не може поинаку, од секогаш така сме работеле“, вели Белчева.

    Белчева смета дека манипулациите на градоначалникот се најсилни при демонстрирањето транспарентност, организирање квази буџетски форуми или исклучување на функционалности на апликацијата за граѓанско креирање буџет. Во Општината владее неорганизирано работење, кое никој нема волја суштински да го смени.

    „Системот не може да се потпира на граѓанските иницијативи. Тој мора да биде стабилен и исполнителен, да биде со можни институции што имаат јасно дефинирани цели, мотивирани вработени и професионалци во кои се вложува. Граѓанските иницијативи се изродија токму од недовербата во функционирањето на системот, од очигледните ситуации во кои малкумина профитираат, а многумина ги трпат последиците и штетите. Иницијативите, како нашата, решија, наместо да бидат актери што дејствуваат и даваат предлози од надвор, се охрабрија да влезат и институционално да ја водат својата борба, своите заложби да ги артикулираат преку Советите и гласно да зборуваат за потребите на граѓаните и заштитата на јавното добро. Нашето дејствување, особено со објавувањето на сите информации и одлуки, има за цел да се промени институцијата и под притисок од граѓаните. Како што реков, соочени сме со наследените пракси, но и со недостиг од политичка волја, визија и јасни цели. Во тие околности, нашето дејствување во институцијата се гледа како непријателско или како премногу радикално за да се прифати. Но, замислете да не постоеше и да ги оставевме мирно да си продолжат со самоволието“, додава Белчева.

    Претседателка на Советот на Општина Битола, во овој мандат, е Габрила Илиевска од граѓанската иницијатива „Поинаку“. Вели дека независните советници се најздравото ткиво во локалните самоуправи. Но, доаѓаат во судир со политичките партии зашто им ја нарушуваат комоцијата.

    „Кога независни луѓе ќе влезат внатре во институциите, партиите ги сфаќаат како најголеми непријатели бидејќи им се мешате во комоцијата и им создавате едно чувство дека ќе им го земете приматот. Нашата цел не е партиска, туку градот да тргне напред. Приоритетите на градот, а не приоритетите на партиските структури и политичките интереси. Дека интересот ни е само Битола, можам да набројам мал милион примери кога сме гласале заедно и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ, но и голем број примери кога тие заедно гласале одредени одлуки од кои имале заеднички интерес. Затоа, тврдам дека независните советници се едно од најздравите ткива во локалните институции и тоа е иднината на политиката“, додава таа.

    Илиевска вели дека живееме во општество, во кое не можат да сфатат дека можеш да бидеш независен, дека никој не може да се пазари, да те поткупи, да те уценува, дека немаш страв.

    „Ќе бидам брутално искрена, сè уште живееме во општество каде што велат ‘а бре аман, ѝ текнало нејзе, сега таа ќе ги средува работите’. А тоа што доаѓам од независна листа е уште полошо, зашто позади мене немам машинерија да ме брани, па место за грешки нема. Сепак, по патот што го одам имам многу поддршка од сите оние што се дел до ‘Поинаку’“, вели Илиевска.

    Најголема нетранспарентност во своето работење има градоначалничката на Град Скопје. Таа ги обвинува политичките партии дека ја блокираат нејзината работа, но во Советот нема соработка ниту со советниците што немаат партиска заднина. Горјан Јовановски од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, која со двајца советници во Советот на Град Скопје е единствената непартиска група, вели дека соработката со нив, градоначалничката ја има сведено на нула.

    „На почетокот, градоначалничката имаше соработка, и со нас, и со другите политички страни. Се чинеше дека ќе има поинаков пристап кон работата со Советот, каде што сите заедно ќе учествуваме во креирањето позитивни политики и проекти за скопјани. Дури и првиот буџет се креираше заедно од сите страни. Но, тоа траеше многу кратко и по настанатата политичка криза меѓу неа и Советот, секоја вистинска соработка пропадна. Од тогаш, работата на Градот е како црна кутија, градоначалничката ја нема и единствените коментари што ќе ги чуеме е ‘зошто сме критикувале, а не сме фалеле‘. Иницијативите што ЗХГ ги испраќа до Градот на мислење, што е процедурата пред да може да ги претвориме во одлуки, не добиваат никаков одговор. Комуникацијата со секторите во Градот ни е лимитирана, како и пристапот до информациите. На тој начин, ние, како советници, немаме пристап до тоа што и како прави Градот, на кои проекти (не)работи Арсовска и до многу други круцијални работи, како што е, на пример, помош од правниот сектор при подготвување документи околу буџетите“, вели Јовановски.

    За тоа како се трошат буџетските пати, советниците добиваат информација само кога ќе дојде време за разгледување на оствареноста од буџетот, што се прави еднаш на 3 месеци.

    „За жал, искористувањето пари од и така веќе уништениот буџет, не е еднакво со реализацијата на проектите. Претпријатијата праќаат огромни документи со извештаи, кои се тешко читливи и треба доста пракса за да ги најдеш битните делови во нив. Сето тоа се прави со цел да се направат намерно потешки за разбирање за ние, како советници, да се мачиме да ги прочитаме, а замислете како им е на обичните граѓани што се навлезени во оваа тематика како нас“, додава Јовановски.

    Новинарката Мери Јовановска од „Мета“, исто така, ја посочува Арсовска како најнетранспарентен градоначалник досега.

    „Во мојата 20-годишна кариера како новинар, кој континуирано ја следи транспарентноста на извршната и локалната власт, мислам дека никогаш, со поголема сигурност, не сум кажала дека од сета локална власт во сите овие години, Град Скопје е дефинитивно западнат во комплетен мрак откако на челното место дојде градоначалничката Данела Арсовска. Јас досега немам добиено ниту еден одговор што сум го поставила до Град Скопје, со еден исклучок, кој искрено ме изненади, а кој се однесува на трошењето на парите на сите даночни обврзници од главниот град на државата. Единствениот начин преостана преку користењето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. И тоа право го искористив за да го побарам, на пример, јавниот оглас за новогодишното украсување во Скопје, бидејќи јавноста остана без одговор со кои пари и на каков начин метрополата беше украсена. Град Скопје не го испочитува законот, не одговори на барањето, и покрај укажувањата на Агенцијата за слободен пристап до информации, која го прифати моето барање. Од Агенцијата бев дополнително информирана дека Градот Скопје, не само што не одговара на барањата, туку и поднесува тужби до институцијата што им наложила да ја даде информацијата, која е од јавен интерес“, вели Мери Јордановска, новинарка во Мета.

    Јордановска додава дека сето ова говори, не само за нетранспарентност, туку и за една крајна дрскост кон јавноста, која е сериозно загрижувачка, и за граѓаните, и за новинарите. Според неа, ваквиот начин на избегнување комуникација со јавноста може да доведе до сериозни последици, како на пример до ширење дезинформации, бидејќи новинарите немаат можност да ја проверат втората страна, можност за доведување на граѓаните во заблуда и, најважно од сè,  неможност на новинарите, кои треба да ги информираат граѓаните, да си ја вршат својата работа.

    „Наспроти ова, градоначалничката пласира само информации што таа смета дека се релевантни за јавноста, се појавува само во еден медиум што таа го смета за релевантен, а на исклучително ретките прес-конференции зборува само на темата што таа ја избрала, што говори за една крајна ароганција во однесувањето кон јавноста. Јас се надевам дека ваквиот начин на комуникација со јавноста за време на Арсовска ќе биде само еден исклучок и лош пример што треба да се адресира, со цел локалните власти да сфатат како не треба да се однесуваат кон новинарската фела. Правото на граѓаните да знаат како и на што се трошат нивните пари е нивно елементарно право, кое во случајов е комплетно ускратено“, додава Јордановска.

    Автор: Ана Антевска

    Тематската сторија е изработена во рамките на проектот „Заштита на слободата на изразување и независноста на медиумите како столбови на демократијата во Република Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија. За нејзината содржина одговорен е исклучиво авторот и нужно не ги одразува ставовите на Европската Унија.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ВЛИЈАЕ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО И ВРЗ МИКРОКЛИМАТА
    септември 27, 2024

    Следен

    ДВАТА ДРЖАВНИ ФОНДОВИ, ПИОМ И ФЗОМ, СЕ „ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ВРАТИ, НА КОИ НОВИНАРИТЕ ЧЕСТО ТРОПААТ: (НЕ)ТРАНСПАРЕНТНОСТ ЗА НАВРЕМЕНО ИНФОРМИРАЊЕ И НОВИНАРСКО ИСТРАЖУВАЊЕ“
    септември 27, 2024

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?