• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Во името на граѓаните, судот во заштита на правата на новинарите

    Во името на граѓаните, судот во заштита на правата на новинарите

    • Категории Активности
    • Датум јануари 18, 2024

    Пишува: Дејан Ристовски

    „Во името на граѓаните на Република Северна Македонија, Основниот Kривичен суд Скопје постапувајќи во кривичниот предмет против обвинетиот Марјан Стаменковски, за кривичните дела Уцена од чл. 259 ст.1 в.в чл. 19,  Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл. 157 – б ст.1 , Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл. 394 – г ст. 1 и Злоупотреба на лични податоци од чл. 149 ст.1 од Кривичниот законик го огласува за ВИНОВЕН и го осудува на казна затвор во траење од 3 години и 1 месец“.

    Со овие зборови Основниот кривичен суд Скопје ја објави пресудата со која првостепено го осуди сопственикот на порталот Доказ.мк, на 4 – ти април 2023 година. Покрај затворската казна му беше изречена и Забрана да врши регистрација на домен и да се јавува како регистрант или сопственик на портал регистриран во Македонската Академска Истражувачка мрежа на РСМ – МАРнет, за време од 10 години.

    Линк од пресудата – Основен кривичен суд Скопје, Број на предмет К.бр. 429/23

    По добиена жалба, Апелациониот суд Скопје, делумно ја преиначи пресудата во делот на казната со тоа што обвинетиот го осуди на казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци, а забрана за регистрација на домен / портал преку МАРнер ја намали од 10 на 6 години. Пресудата со која се утврдува вина ја потврди, а ја врати на повторно одлучување само за кривичното дело Уцена.Ова беше прва  пресуда во која сопственик на портал се осудува на казна затвор во кривична постапка во која новинарите се оштетена страна, .

    Валентина Вурмо и Ирена Мулачка, од неделникот Фокус, од првата расправа беа присутни во судницата и се соочија со обвинетиот и покрај тоа што постапката се водеше зад затворени врати заради сензибилноста на материјата. Причина за тоа е што токму овие две новинарки беа оштетени за кривичното дело Ширење расиситички и ксенофобичен материјал, односно обвинетиот на неговиот портал, објавувал текстови и фотографии и тврдел дека оштените преку новинарството прибавуваат пари и корист. Во насловите ги инволвирал и Мисијата на ОБСЕ и Здружението на новинари на Македонија,  промовирал омраза на етничка основа, а со одредени текстови изнесувал навреди на нивниот личен живот и семејството, што е објавено и во самата пресуда.

    Секоја осудителна пресуда покрај репресивниот аспект каде треба да го казни сторителот, треба и превентивно да делува за да спречи евентуални идни вакви појави. Но дали, домашното Законодавство, како и сите „пропратни“ институции и агенции кои треба да ја спроведат „превенцијата“ на судската пресуда можат да ги заштитат новинарите?

    Валентина Вурмо, не ја спори репресијата донесена со судската одлука, но дали постои механизам со кој во иднина ќе и се гарантира безбеноста е друго прашање.

    За жал, чувството на безбедност траеше краток период, бидејќи иако Стаменковски беше осуден на правосилна затворска казна, сепак вербалните напади продолжија и по неговото влегување во затвор. Тој доби прекин на издржувањето на казната за лекување, но наместо да се лекува, имаше јавен настап, во кој продолжи со нападите, а згора на се изнесуваше детали од судењето, кое беше затворено за јавност. Исто така на ист начин, преку друга платформа, неговото ,,дело” Доказ.мк продолжи да функционира, поради што повторно бев негова мета за напад. Во случајот тој го повтори кривичното дело за кое е осуден, а стори и ново, со изнесување на тајни податоци од судско рочиште. Заклучокот е дека воопшто не се чувствувам безбедна и покрај казната која му беше изречена.

    –За жал, чувството на безбедност траеше краток период, бидејќи иако Стаменковски беше осуден на правосилна затворска казна, сепак вербалните напади продолжија и по неговото влегување во затвор. Тој доби прекин на издржувањето на казната за лекување, но наместо да се лекува, имаше јавен настап, во кој продолжи со нападите, а згора на се изнесуваше детали од судењето, кое беше затворено за јавност. Исто така на ист начин, преку друга платформа, неговото ,,дело” Доказ.мк продолжи да функционира, поради што повторно бев негова мета за напад. Во случајот тој го повтори кривичното дело за кое е осуден, а стори и ново, со изнесување на тајни податоци од судско рочиште. Заклучокот е дека воопшто не се чувствувам безбедна и покрај казната која му беше изречена – вели Вурмо.

    На оваа теза се поставува прашањето – дали во конкретниот случај затаи судството и му е потребна дополнителна обука, знаење и судска пракса, или системот сеуште не е подготвен да ги заштити новинарите во вршење на нивната новинарска функција?

    –Во случајот и обвинителката и судиите постапија стручно и професионално, разбирајќи ја проблематиката. Тие јасно направија разлика меѓу оштетените, кои сме професионални новинари и обвинетиот, кој не е новинар, туку ја злоупотребува нашата професија. Оттука се покажа дека нив не им е потребна дополнителна обука, или пак дека се потребни специјализирани обвинители и судии. Проблемот се појави откако тие ја завршија својата работа, односно системот му дозволи на Стаменковски да го повторува кривичното дело, а без да биде санкциониран.

    Против него се води и друга предистрага, па со тоа што имаше јавен настап се наруши истата, бидејќи никој од сведоците нема да се чувствува безбеден да сведочи против него, знаејќи дека ќе биде изложен на јавен напад и линч. Вистинското прашање е дали тој предмет ќе се истера професионално до крај, со што ќе се откријат нарачателите на монструозните написи на Доказ.мк, или се прави обид да се саботира случајот, за нечија заштита, додава Вурмо.

    Дополнителен проблем во самата кривична санкција е што домашните регулаторни тела немаат ингеренции над порталите регистрирани во други земји, а достапни се на читателите во РСМ и може да послужат за ширење на ксенофобија, лажни вести или неосновано деградирање на индивидуи, задирајќи дури и во нивниот семеен живот.

    – Измени во Кривичен закони како нов гарант за новинарската сигурност

    Измените во Кривичниот законик од март 2023 година ( бр. 36 ) со кои, меѓу другото, новинарите, доколку делото е сторено против нив, ќе се третираат како службени лица во вршење на службата, беа долго очекувани измени по барање токму на новинарската фела, “,  да ги заштитат медиумските работници во нивната работа и да превенира идни притисоци и напади. Според Дарко Дуридански од Синдикатот на новинари и Медиумски работници  измени се токму во тој правец:

    -Законските измени кои се однесуваат на тоа новинарите да бидат третирани како службени лица, односно нападите врз нив да се процесуираат по службена должност претставуваат превентивна мерка за заштита. Тоа значи дека доколку се процесуираат сите случаи на напади врз медиумски работници до крај, а земајќи ги предвид и зголемените казни, тоа би требало да делува деморализирачки за напаѓачите, односно во иднина да се намали бројот на напади. Значи главната поента со овие измени е систематско гонење на оние кои нападнале новинар/ка и со повисоките казни и гонењето по службена должно да се превенираат идни потенцијални напади, со што новинарите би работеле под помал притисок, смета Дуридански.

    Но, освен во кривична постапка, потребна е и заштита во граѓанските постапки, смета новинарот Васко Маглешов, претседател и повеќегодишен член на Судско медиумскиот совет – тело кое ја потикнува дискусијата и соработката меѓу судиите и новинарите на прашања од заеднички интерес:

    -Заштитата на новинарите секогаш може да биде подобра. Важно е што се направени чекори напред во тој процес. На пример, измените во Кривичниот законик го прошириија опсегот на кривично-правна заштита на новинарите на начин што го проширија опсегот на постапки, во кои, оштетени се новинарите. Овие промени се во насока кривичното гонење наместо по приватна кривична тужба од новинарите да го преземе Обвинителството по службена должност. Но, треба уште да се работи. Во  граѓанските постапки, особено последните години се говори за т.н. SLAPP тужби (strategic lawsuits against public participation), кои се користат како метод на судско замолчување. На пример, во РС Македонија имаше случај, во кој, тужената страна бараше судот со привремена мерка да му наложи на медиумот натамошно објавување содржини. Судот таквата мерка не ја прифати. Клучно е судовите да ја разберат улогата што медиумите ја имаат во едно демократско општество и да го одмеруваат јавниот интерес и прекршувањето на човековите права – вели Маглешов.

    – Идентификација на новинарите во судските постапки.

    Доколку се навратиме на првиот слуичај со порталот Доказ.мк потребно е да се напомене дека обвинетиот во судската постапка се идентификува како сопственик на портал, без притоа да се утврди дали е тоа информативен – новинарски портал. Оттука се отвора прашањето дали при евентуални идни кривични постапки кои ќе се водат согласно измените во КЗ, системот ќе има проблем да идентификува и можни злоупотреби на новинарска функција. Маглешов смета дека саморегулацијата може  да ја ограничи новинарската слобода, затоа е потребно тоа да се утврдува низ самите судско – обвинителски постапки

    – Судовите во легитимирање на новинарската професија треба да се водат од конкретното досие на оштетените новинари и на тој начин да го утврдат нивнот статус. Тоа се на пример околностите, дали конкретно лице е член на професионално новинарско здружение, дали работи или работел во медиум што може да се докаже… Лиценцирањето новинари кое би го правел државен орган во основа е опасно и може да биде предмет на злоупотреби и ограничување на новинарската професија. Освен тоа, одредбите на Кривичниот законик кои ги штитат новинарите се однесуваат само и исклучиво на повреда кога извршуваат професионална обврска и тоа може судот да го утврди, како не би се злоупотребила новинарската позиција, вели Маглешов.

    Заклучоци и препораки

    Судско – обвинителскиот систем ќе треба да изнајде начин за препознавање на новинарите во извршување на нивната новинарска дејност а во согласност со стандардите на Советот на Европа и на судската пракса на ЕСЧП, а новинарите ќе треба да се „легитимираат“ во судските постапки преку нивниот професионализам и почитување на етичките кодекси. Соодветни обуки за судиите и обвинителите, но и продлабочување на соработката е нужно.

    Отворената комуникација на Основниот кривичен суд Скопје со новинарите, што беше признаена и пофалена од Меѓународните претставници во земјата, но и самите новинарски здруженија, придонесе да се воведат редовните брифинзи на судот со новинарите, Live stream  од објавите на пресудите и отворање на првиот Медиа центар во рамки на еден суд. Примери кои за за жал, не доволно се пресликаа во другите правосудни институции, но може да послужат во зајакнување на соработката.

    Порталот sud.mk кој влече податоци од Автоматизираниот судски систем ( АКМИС ) предвидел посебни полиња за пребарување на судска пракса за Семјно насилство, Криминал од омраза и сл., па зошто да не се надополни и со посебно пребарување за предмети во кои како обвинети или оштетени се лица кои пред судот се идентификувале како новинари, што ќе биде од особена корист како за судската пракса така и за јавноста во распознавање на профсионалните медиумски работници.

    Доколку државата е ограничена во регулирање на вестите односно порталите кои од друга земја ни се „сервираат“ на домашниот етер тогаш е потребно преку судската праска да му се помогне на професионалното новинарство да се издигне над лажните вести, а новинарството да помогне во подигање на јавната свест за работата на судовите.

    (Текстот претставува истражувачка анализа која се базира на донесена пресуда, ставови и мислења на релевантни чинители и заклучоци на авторот на текстот. Пресудата е јавно достапна на порталот sud.mk, сите изјави се дословно пренесени, а заклучоците се базираат на досегашното искуство и соработката на авторот со новинарите)

    Овој новинарски текст е изработен во рамките на проектот „Стратешките тужби против учество на јавноста (SLAPP) се шлаканица за граѓаните и за јавниот интерес“ поддржан од УНЕСКО. Употребените назнаки и презентацијата на материјалот во овој текст не подразбираат изразување на какво било мислење од страна на УНЕСКО во врска со правниот статус на која било земја, територија, град или област или тамошните власти, или во врска со разграничувањето на граници. Авторите се одговорни за изборот и презентирањето на фактите содржани во овој текст и за изразените мислења, кои не се нужно оние на УНЕСКО и не ја обврзуваат Организацијата.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Правда за новинарите, казни за напаѓачите на слободата на медиумите
    јануари 18, 2024

    Следен

    ЗНМ и ССНМ: Новинар и снимател од Алсат спречени да ја работат својата работа
    јануари 24, 2024

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?