• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Високата претставничка на ОБСЕ брифирана за состојбата на новинарите во Македонија

    Високата претставничка на ОБСЕ брифирана за состојбата на новинарите во Македонија

    • Категории Активности
    • Датум септември 14, 2022

    Во рамки на официјалната посета на Високата претставничка на ОБСЕ за слобода на медиумите г-ѓа Тереза Рибеиро се одржа средба со претставници на новинарските и медиумските организации. На работната средба од претставниците на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт на медиуми (МИМ) беше укажано дека иако атмосферата во медиумскиот сектор е генерално подобрена сепак и после шест години отсуствуваат суштински медиумски реформи.

    Овие реформи подразбираат важни измена на законите за обезбедување на поголема независност на работата на медиумите, загарантирана безбедност на новинарите и подобрување на судската пракса во насока на гарантирање на правата на медиумските работници. Освен ова, беше истакнато дека посебен проблем претставува блокирањето во Собранието на позитивните измени на Кривичниот закон со кои се овозможува поголема безбедност од притисоци и закани кон новинарите кои веќе 14 месеци не се гласаат од страна на пратениците. Дополнителен проблем кој беше истакнат се однесуваше на неизборот на членовите на управните органи во МРТ и Агенцијата за медиуми, избор кој веќе две години не се спроведува, иако мандатот на сегашните членови е изминат а со тоа се доведува во прашање и легитимноста на одлуките во јавниот радиодифузер и медиумскиот регулатор.

    Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски укажа на зголемениот број на случаи на клевета кон новинари и дека моментално се водат 52 тужби кон новинари споредбено со ланската година кога имаше 20 случаи и ова потенцијално може да ја поттикне самоцензурата кај новинарите. Освен ова, тој истакна: „Желбата на централната и локалната власт да ги вратат јавните кампањи со цел да се рекламираат во приватните медиуми е сериозен ризик кој дополнително може да ја влоши независноста на медиумите. Доколку владата, но и општините, искрено сакаат да го помогнат медиумскиот сектор тоа исклучиво може да биде преку создавање на Фонд за слободни медиуми кој ќе даде можност на транспарентен начин и со јасни критериуми да се поддржат новинарски иницијативи на теми со кои ќе се промовира јавниот интерес а не партискиот„.

    Директорката на МИМ Билјана Петковска на состанокот истакна дека: ,,Минатата година започна  процесот за воведување на медиумската писменост во основното образование, што се спроведува во соработка со МОН и со Бирото за развој на образованието, и тоа е еден од најпозитивните  чекори што беа преземени изминатиот период во оваа сфера. За жал,  не постои политичка волја кај партиите за спроведување на системските реформи во медиумската сфера,  што ги бараме со години, бидејќи нашите политичари се уште гледаат на медиумите и  на новинарството како на алатки за освојување и одржување на власта, отколку на  инструменти за демократска , економска и образовна еманципација на граѓаните“.

    Претседателот на ССНМ Павле Беловски сподели дека ССНМ е постојано присутен во сите случувања во медиусмката сфера. ,,Нашите активности се опширни и сеопфатни. Ги следиме сите законски измени со фокус на слободата на изразување и работничките права. Даваме предлози и учестувaме во работни групи, секогаш здружени со партнерските организации. Синдикатот бележи раст и развој но, сакам да нотирам дека сеуште и по повеќе од една децнија постоење се соочуваме со едни исти проблеми. Долг е списокот на проблеми но решенијата со кои можат да се надминат се едноставни. Синдикатот како единствена опција за надминување на лошата состојба на вработените ја гледа во потпишувањето на колективни договори. – потенцираше Беловски

    Г-ѓа Тереса Рибеиро во рамки на својата посета на Македонија ќе оствари средби на теми поврзани со независноста на медиумите и правата на новинарите и со Претседателот на Собранието на РСМ, претставници на Владата како и на Министерството за информатичко општество и администрација, јавниот сервис и медиумскиот регулатор. Таа, како претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите има функција на темелно разгледување и предупредување во однос на постоечки ризици за нарушување и непочитување на слободата на медиумите, но и на слободата на изразување во сите земји членки на ОБСЕ.

    Скопје, 14.09.2022 г.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ оствари средба со украински новинари
    септември 14, 2022

    Следен

    ЗНМ ја поздравува одлуката на Елемент ПР за прекинување на договорот со град Скопје
    септември 15, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    znm ssnm press
    ЗНМ и ССНМ: Со скратен буџет МИА не може да функционира соодветно
    27 декември, 2022
    321074802_459347589534712_4882222283147715049_n
    Избран претседател на Советот на чест при ЗНМ
    23 декември, 2022
    ZNM AVMU
    ЗНМ со барања од АВМУ за олеснување на работата на локалните медиуми и зајакнување на дописничката мрежа
    22 декември, 2022

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?