ВИДЕО КАМПАЊА ЗА ЕТИЧКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ И НАСИЛЕН ЕКСТРЕМИЗАМ

Известувањето за тероризмот и другите форми на насилен екстремизам претставува голем предизвик за медиумите насекаде во светот. Пристапот до информации е отежнат, а новинарите се соочуваат со притисокот навремено да известуваат за текот на случувањата. Од нив се очекува да известуваат во интерес на јавноста, притоа водејќи сметка да не преидзвикаат каква било дополнителна штета со својата работа. Во рамките на проектот „Градење отпорност против насилниот тероризам и екстремизмот преку зајакнати капацитети на новинари, медиуми и владини претставници”, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Институтот за европска перспектива (ИЕП) и КОНИЦА Институтот во Скопје изработија кратки видеа за промоција на Протокол за информирање на случаи поврзани со насилен екстремизам и тероризам и Упатство за професионално известување на случаи на насилен екстремизам и тероризам.
Протоколот за информирање за информирање за случаи поврзани со насилен екстремизам и тероризам како корисна алатка ќе ја унапреди улогата на новинарите и медиумските работници во нивното известување во вакви потенцијални ситуации во иднина.
Целта на Упатството за професионално известување за насилниот екстремизам и тероризам е да им понуди препораки на медиумите и новинарите во соодветното адресирање и известување за овие теми. Препораките во него се засноваат на универзалните етички принципи на независност, рамнотежа меѓу слободата на информирање и одговорноста во информирањето, точноста и одговорноста во информирањето. Притоа, се поаѓа од тоа дека медиумите и новинарите се неопходен фактор за кохезија меѓу различните делови на општеството и играат исклучително важна улога во спречувањето на насилниот екстремизам и тероризам
Изработени се четири видеа на македонски, албански и англиски јазик, погледнете го првото видео.
Видеата се изработени во рамки на проектот „Градење отпорност против насилниот тероризам и екстремизмот преку зајакнати капацитети на новинари, медиуми и владини претставници” (Building resilience against violent terrorism and extremism through reinforced journalists, media and government officials), финансиран од страна на Европската унија во рамки на програмата СТРИВЕ Глобал (Strengthening Resilience to Violent Extremism – STRIVE Global) преку Хедаја (Hedayah, International Centre of Excellence for Countering ViolentExtremism).
Содржината на видеата е одговорност единствено на авторите и ЗНМ, ИЕП и Институт Коница и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите и гледиштата на Европската Унија