Безбедноста на новинарите е клучна во обезбедувањето пристап до информации

Проектот на ЗНМ и ОБСЕ „Промовирање на заштита на новинарите и на етички и професионални стандарди во медиумите“ има за цел да придонесе кон зголемување на безбедноста на новинарите онлајн и офлајн, да се намали бројот на заканите и нападите кон новинарите и медиумските работници во земјава. Исто така, целта е да се зголеми јавната свест кај пошироката публика за штетните ефекти од вербалните напади како што е говорот на омраза и секако да се крене свеста за физичките напади.
Денеска го објавуваме третото видео со наслов „Безбедноста на новинарите е клучна во обезбедувањето пристап до информации“во кое акцентот е ставен на етичкиот Кодекс на новинарите во кој се поставени стандардите на работа во интерес на вистината. Во одбрана на јавниот интерес и демократските вредности, новинарите и медиумските работници ги изготвуваат своите стории според своите стручни знаења и вештини. Критичкото новинарство е коректив на општеството и аларм кој треба се слушне.
Кампањата е реализирана со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.