• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Башким Селмани: потребно е внимателно набљудување на феноменот на радикализација

    Башким Селмани: потребно е внимателно набљудување на феноменот на радикализација

    • Категории Активности
    • Датум декември 10, 2020

    „Епохата во која што живееме е таканаречена „епоха на меѓународен тероризам“, со многу непознати и закани за индивидуалната, националната и групната безбедност. Нашиот живот станува несигурен поради непријателот кому на не му се знае ниту адресата ниту местото на живеење “ Башким Селмани

    Глобален и неконвенционален, тесно поврзан со насилниот екстремизам и радикализам, носејќи со себе неумолива доза на непредвидливост, динамичност, хибридност и транснационалност, современиот тероризам, поддржан од глобализацијата, станува најголемиот предизвик на националната и светската безбедност.

    Професорот Дарко Трифуновиќ, од Институтот за национална и интернационална безбедност ИНИС во Србија, вели дека постојат посебни методи со помош на кои може да се направи безбедносна проценка. Според него, треба да се утврди дали на дадена територија делуваат и се присутни терористи, терористички организации, хуманитарни организации кои ги финансираат и даваат логистичка поддршка на терористите, дали делуваат држави кои се спонзори на тероризмот, како и тоа дали на дадената територија како мотив за изведување на напад се употребува или злоупотребува религијата.

    На него се надоврзува и универзитетскиот професор Башким Селмани, кој вели дека соочувањето со појавата на тероризмот бара специфична интервенција.

    „Безбедносните служби, на активен начин, треба да го мониторираат феноменот и нивото на радикализација кај индивидуите и кај групите, додека органите за спроведување на законот ја преземаат улогата во моментот кога постојат сомневања за можни кривични дела кои се санкционирани со Кривичниот законик. После нивно санкционирање и после испраќање за издржување на казна затвор, започнува нов процес со кој се настојува да се влијае кон нив, а тоа е нивна дерадикализација и ресоцијализација“, посочува тој.

    УЛОГАТА НА ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ЕКСТРЕМИЗМОТ И РАДИКАЛИЗАЦИЈАТА КОИ ВОДАТ ДО ТЕРОРИЗАМ

    Професорот Селмани и професорот Трифуновиќ се согласни со фактот дека се бројни начините и алатките за комуникација кои ги користат терористите со помош на интернетот.  

    Проф. Трифуновиќ ја издвојува една од најпопуларните алатки, Тор Мрежа (The Onion Router). „Заблагодарувајќи се на својата архитектура, на кој било му е многу тешко да го идентификува изворот на информации или локацијата на корисникот. Распространет е и помеѓу илјадници луѓе кои што водат грижа за својата приватност, вклучувајќи ги новинарите, администрацијата, активностите, различните безбедносни агенции, итн. Но, исто така, е и повеќе од популарен помеѓу терористичките групи, како што се Ал Нусра, Ал Каеда, ИСИС и други“.

    Тој дополнува дека студија објавена во 2011 покажува дека во Торовиот даркнет постојат околу 300 форуми на терористички организации.

    Проф.Селмани, пак, го нагласува фактот дека начинот на извршување на терористички акт со време станува сè пософистициран: „Терористот на иднината сака да ја победи војната без да испука куршум, базирајќи се на технологијата на комуникација и на информација“ – вели тој.

    Според МВР, дигиталниот свет има улога на олеснувач или овозможувач, во насока на реализацијата на екстремизмот и радикализацијата кои водат до тероризам. Објаснуваат дека „онлајн платформите“ или, генерално, интернет просторот најмногу се користат како пропаганда за ангажирање и убедување на поединци, особено младите, да поддржат разни групи или терористички организации. Одреден број на поединци што не можат да се придружат на бојното поле, борбата ја водат на социјалните мрежи, со тоа што отворено даваат поддршка. 

    За регулацијата на дигиталниот свет во однос на насилниот екстремизам и радикализацијата интервјуираните експерти ја посочуваат законската регулатива и одговорноста на сите нивоа на државата.

     

    СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НЕ Е МЕТА НА МЕЃУНАРОДЕН ТЕРОРИЗАМ

    „За среќа, нашата земја актуелно не е мета на меѓународниот тероризам, иако има индикации дека такво нешто е можно во секој момент. Но, борбата против тероризмот на интернет треба да се регулира. Треба да се направи балансираност помеѓу борбата против тероризмот со цивилните права, значи да се направи идеален компромис помеѓу националната безбедност и правата на граѓаните“ – појаснува проф.Селмани.

    Во контекст на ова, од Министерството за внатрешни работи велат: „Во  земјава, во оваа област е оформен Националниот комитет за справување со насилен екстремизам и борба против тероризмот, на чело со Национален координатор за согледување на предизвиците и координирање на различни институции во насока за справување со овие феномени“.

    МЛАДИТЕ НАЈИЗЛОЖЕНИ НА РАДИКАЛИЗАЦИЈАТА

    „На радикализација се изложени сите, но посебен акцент се става на младите луѓе. Насилните екстремисти и терористичките организации воопшто не бираат средства за привлекување на младите луѓе, со цел реализирање на своите идеи“, вели 28-годишниот Филип Петрушевски.

    На таргетираните луѓе, вели тој, им нудат чувство на припадност, исполнетост, вклученост, еднаквост, достоинство и често пополнуваат некои психолошки празнини. „Многу полесно допираат до оние луѓе што имале проблеми во младоста и биле во нездраво опкружување“. Дополнува дека се користат и методи поврзани со религијата, а многу често им се нудат разни бенефиции за  згрижување на семејството доколку направат извесен терористички акт.

    И ставот на 28-годишната Викторија Милошевска е ист. Таа апелира: „За да ги спречиме овие организации и луѓе во остварување на нивните цели, потребно е вложување од страна на секој еден од нас. Пријавување на секоја сомнителна ситуација на јавен простор, вложување во кадар, опрема, технологија во државните служби одговорни за спречување на тероризам, активна комуникација со истите служби на соседните држави, воведување на предмети како етика, психологија и слични предмети уште во основното образование на децата“.

    Автори на сторијата: Наташа Јанчиќ-Менковски, Ангела Рајчевска, Дамјан Темелкоски, Енис Муртези

    Оваа статија е изработена во рамки на проектот „Градење отпорност против насилниот тероризам и екстремизмот преку зајакнати капацитети на новинари, медиуми и владини претставници” (Building resilience against violent terrorism and extremism through reinforced journalists, media and government officials), финансиран од страна на Европската унија во рамки на програмата СТРИВЕ Глобал (Strengthening Resilience to Violent Extremism -STRIVE Global) преку Хедаја (Hedayah, International Centre of Excellence for Countering Violent Extremism)
    Содржината на статијата е одговорност единствено на авторите и ЗНМ, ИЕП и Институт Коница и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите и гледиштата на Европската Унија

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Со препишувачко новинарство до штета на безбедносниот имиџ на државата
    декември 10, 2020

    Следен

    SafeJournalists: Хрватски новинар на мета на српските медиуми и поранешниот шеф на српска паравоена единица „Бели орли“
    декември 10, 2020

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026
    169 (83)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Т-АЈМ ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
    5 октомври, 2026
    169 (80)
    Одржана Т-АЈМ обука за слобода на изразување, безбедност, истражување и етика во новинарството
    21 септември, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?