Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Бараме деблокирање на медиумските реформи

ZNM
Friday 12 July, 2019Friday 12 July, 2019/ Friday 12 July, 2019

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) се сериозно загрижени поради целосниот застој на постапката за избор на членови на Советот на медиумскиот регулатор и Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија.

Ги повикуваме претседателот и членовите на Комисијата за избори и именување при Собранието на Република Северна Македонија да го отпочнат процесот за избор на членови на овие тела. Секое попречување или одолговлекување на процесот сериозно ќе влијае врз спроведувањето на процесот на медиумски реформи во државата.

Од изборот на членови во овие тела директно зависат долгоочекуваните системски промени во медиумската сфера, кои треба да овозможат медиумите да работат независно и професионално. Потсетуваме дека медиумските реформи се од клучно значење за евроинтегративните процеси на државата, што се нотира и во последниот извештај на Европската комисија во кој што се вели дека „државата треба да направи напор за да се подобри независноста и професионалните стандарди на јавниот радиодифузен сервис и неговата финансиска независност“. Од друга страна се очекува транспарентен и правичен избор на членовите на двете тела врз основа на нивната стручност.

Конкурсот беше отворен во јануари годинава, а одлуката за избор на членовите на двете тела требаше да се случи веднаш по претседателските избори.

Укажуваме дека Владата, Парламентот, но и сите политички чинители имаат одговорност сериозно да пристапат кон овој процес и да се стават над партиските интереси за да се спречат понатамошни штети во медиумскиот сектор.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin
Ознаки: