Анонимни предлози за затворање медиуми се притисок врз новинарството

Анонимни неаргументирани иницијативи за одземање на дозвола за емитување до ААВМУ може да се сметаат како притисок за радиодифузерите.
Со загриженост ја проследивме веста на колегите, во која се наведува дека анонимен пријавувач побарал од ААВМУ да ја одземе концесијата на телевизијата Алсат М.
Ги охрабруваме членовите на Советот на ААВМУ во иднина претпазливо да постапуваат во вакви случаи особено кога станува збор за сомнителни пријави зошто очигледно служат за притисок кон новинарите.
Освен ова, ја поздравуваме одлуката на Советот на ААВМУ од седницата на 11.07 да ја отфрли анонимната иницијатива за одземање на дозволата на Алсат М