• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО КАВАДАРЦИ – ПРЕКУ ЗИМА ЗАГАДУВА СОГОРУВАЊЕТО НА БИОМАСАТА, А ПРЕКУ ЛЕТО СООБРАЌАЈОТ

    АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО КАВАДАРЦИ – ПРЕКУ ЗИМА ЗАГАДУВА СОГОРУВАЊЕТО НА БИОМАСАТА, А ПРЕКУ ЛЕТО СООБРАЌАЈОТ

    • Категории Активности
    • Датум септември 1, 2025

    : Главен извор на загадување на воздухот во Кавадарци, во зимскиот период е согорувањето на биомасата (користење на огревно дрво за затоплување). Во декември и во јануари, само овој извор ги надминува граничните 25 μg/m3. Во летните месеци, сообраќајот е мошне доминантен извор на загадување на воздухот. На пример, во август, сообраќајот учествува со над 50 проценти од целокупната концентрација на суспендирани честички, изјави проф. д-р Афродита Зенделска, од Факултетот за природни и технички науки при универзитетот „Гоце Делчев“ Штип.

    Кавадарци, град познат по убавите лозови насади и по производството на вино, се соочува со тежок проблем, кој го следи секој ден – загадениот воздух. За време на есенските и на зимските месеци, воздухот станува тежок, миризлив и опасен за здравјето, а главен виновник е согорувањето биомаса за затоплување. Преку лето, ситуацијата се менува, но не и проблемот – сообраќајот презема улога на доминантен извор на загадување. Иако општината спроведува мерки и проекти за почист воздух, жителите сè уште се борат со задушување, болки во грлото и во градите. Кавадарчани живеат во надеж за почиста иднина.

    Дома со прочистувач на воздухот

    „Прошетка низ градскиот парк во овој летен период ми е добредојдена да дишам слободно, би рекла чист воздух, затоа што овој благодат на есен го немаме во Кавадарци“, вели кавадарчанката Даниела Тасева. Таа ни раскажува за нејзината борба со загадениот воздух во нејзиниот роден град. Кавадарци е еден од петте градови во државава, каде што секоја година, нивото на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките, неколку месеци се над нивото на дозволеното. Борбата на Даниела и нејзините сограѓани почнува вообичаено кон крајот на септември, па сѐ до март. Секоја година, вели таа, ѝ се случувала  истата приказна.

    „Задушување, болки во грлото и во градите, секојдневно, особено во попладневните часови, но лек нема. Вообичаено го посетувам матичниот лекар, кој веќе ја знае мојата состојба. Секогаш ме советува, кога излегувам надвор, да носам соодветна маска. Тоа и го правам, но неизбежни се и лековите што мора да ги земам“.

    Центарот на Кавадарци (Фото: Наташа Гркова-Петрушевска)

    Дека тешко се дише , а и дека се чувствува тежок мирис, па дури и замагленост во воздухот за време на грејната сезона,  ни посочија уште неколкумина кавадарчани.

    „Јас, неколку години живеев во Лондон, кога дојдов, не можев да сфатам што се случува со воздухот. Без маска не ни помислував да излезам, а сѐ уште ми е страв да отворам прозорец. Дома сум со прочистувач за воздухот, вели кавадарчанката Весна Ристиќ. Според неа, во градот нема доволно провев за да циркулира воздухот, а со тоа и да нема голема загаденост.

    Согорувањето на биомасата и сообраќајот – главни причинители за аерозагадувањето Автоматската мониторинг станица за квалитетот на воздухот во Кавадарци, за јануари 2024 година покажува дека 22 дена бил надминат прагот на дозволената граница на (ПМ 10 честички). За жал, оваа мерна станица не ги мери поштетните, ПМ 2,5 честички во воздухот. За февруари 2024 година,  исто така 22 дена е надминат прагот на (ПМ 10 честичките), но во март, само 5 дена биле потешки за дишење за кавадарчани.

    Мерна станица на МЖСПП во Кавадарци  (Фото: Наташа Гркова-Петрушевска)

    Во јануари 2025 година, мерната станица покажува дека нивото на загаденост од (ПМ 10) честичките е исто со јануари 2024 година, а се разликува само по тоа што оваа година има уште еден загаден ден повеќе. Во февруари 2025 година се забележани 24 дена во кои е надминат прагот, а  помалку загадени денови имало во март, 13 дена.

    Во јануари 2023 година, истата мерна станица покажала ниво на загаден воздух од (ПМ10) честички над дозволеното 16 дена, во февруари 22 дена и 6 дена во март. Според податоците што се достапни на Министерството за животна средина, а се од мерната станица во Кавадарци, каде што е сместена и каде што е најфреквентен сообраќајот, може да се заклучи дека годинава имало повеќе денови во кои нивото на (ПМ 10) честичките било повисоко од дозволеното.

    Мерната станица во Кавадарци е поставена и функционира од април 2005 година, од страна на Министерството за животна средина. На неа се идентификуваат загадувањата од сообраќај, индустријата и затоплувањето на домовите. Поставени се и други мерни станици, на три локации, во центарот на градот, во Ваташа и во Возарци за следење на квалитетот на воздухот. Со нив  управува Лабораторијата за животна средина АМБИКОН при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Од Општината посочуваат дека резултатите од сите станици покажувале исто ниво на надминување на дозволените (ПМ10) честички во градот.

    Во истражувањето што го спроведе лабораторијата АМБИКОН при универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, беа испитувани само ПМ 2,5 (суспендирани честички со аеродинамичен дијаметар под 2,5 µm). Резултатите покажале дека во Општина Кавадарци, просечната годишна концентрација на ПМ 2,5 е 62,2 µg/m3, што е повеќе од 100 проценти надминување на граничната вредност (годишната гранична вредност е 25 μg/m3), минималната измерена дневна концентрација изнесува 14,7 µg/m3, додека максималната 154,8 µg/m3. Професорката Афродита Зенделска од Факултетот за природни и технички науки при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, која работеше на истражувањето, ни ги посочи и главните извори за загадувањето на воздухот во Кавадарци.

     Проф. д-р Афродита Зенделска  

    „Главен извор на загадување на воздухот во зимскиот период е согорувањето на биомасата (користење огревно дрво за затоплување). Во декември и во јануари, само овој извор ги надминува граничните 25 μg/m3. Во летните месеци, сообраќајот е мошне доминантен извор на загадување на воздухот. На пример, во август, сообраќајот учествува со над 50 проценти од целокупната концентрација на суспендирани честички, изјави професор д-р Зенделска.

    Табела 1.Концентрација на ПM 2,5 (преземена од лабораторијата АМБИКОН)

     Таа посочи дека граничната вредност не смее да биде надмината повеќе од 35 пати во годината за да сметаме дека некоја општина има чист воздух. Според тоа, Општина Кавадарци не може да се пофали со чист воздух. Истражувањето покажало дека само во јуни, само неколку дена не се надминува граничната вредност, додека во другите денови редовно има концентрација на ПМ 2,5 повисока од 25 µg/m, изјави професорката Зенделска.

    Инвестирање во обновливи извори на енергија

    Истражувањето спроведено од март 2023 до февруари 2024 година, од лабораторијата АМБИКОН, покажува дека Кавадарци итно треба да преземе мерки, како ограничување на сообраќајот, промоција на јавниот транспорт, замена на стари печки со еколошки системи и подобро управување со отпадот. Општината изготвила план за подобрување на квалитетот на воздухот за период од 2022 до 2026 година. Од него, како што ни посочија од одделението за животна средина, биле реализирани поголем број проекти, преку кои очекуваат подобрување на квалитетот на воздухот.

    „Планот за квалитет на амбиенталниот воздух за Кавадарци e изработен со цел утврдување на состојбите и дефинирање мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух на територијата на Општината. Кавадарци е првата општина што има зелен катастар. Во него има вкупно 352.000 квадратни метри зелена површина. Евидентирани се сите дрвореди, зелени и цветни површини. Во сите градинки, основни и средни училишта има поставено прочистувачи на воздухот, а заедно со владата инвестирано е и во централното греење и ладење во две училишта и во една градинка. Градот субвенционира набавка на клими за домаќинствата и велосипеди. Неодамна функционира бесплатно изнајмување велосипеди за сите возрасти, а има и јавен превоз за децата во училиштата. Се инвестира и во обновливи извори на енергија, старите улични светилки се заменети со соларни, изјави Доне Илов, од одделението за заштита на животната средина во Општина Кавадарци.

    Изнајмување бесплатни велосипеди во Кавадарци (Фото: Наташа Гркова-Петрушевска)

    Помош и од граѓанскиот сектор

    Општина Кавадарци има реализирано проекти од ЕУ фондовите, преку грантови за справување со аерозагадувањето. Во 2023-2024 година, Општината инсталирала соларни панели на јавни згради, поставила мерни станици „Smart farming“, финансирани од УСАИД. Се спроведувале и еколошки проекти за селекција на отпадот, едукација на младите за значењето на здравата и чиста животна средина, циркуларна економија, мониторинг на животната средина и зелена инфраструктура. Шведската амбасада донирала опрема за инспекторатот за животна средина, за зајакнување на капацитетите за контрола на загадувањето на животната средина. Поддршка во борбата со загадениот воздух има и од невладиниот сектор, особено во едукацијата за значењето на здравата животна средина. Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко живот“ Кавадарци со низа активности помагаат во подигнувањето на свеста кај кавадарчани за почист воздух низ работилници, изложби, колонии и сл.

    Подигнување на јавната свест – неопходен чекор за напредок

    На светско ниво, сѐ погласни се пораките за обновливи извори на енергија, кои би придонеле за почиста животна средина. Општина Кавадарци веќе е во чекор со тоа. Се спроведуваат низа мерки, има некои ефекти, но далеку е од град каде што жителите дишат чист воздух.

    „Во состав на студиите што беа изработени од лабораторијата АМБИКОН беа дадени некои препораки, некои од нив се лесно применливи, но за повеќето се неопходни повеќе финансии и подолг временски период за да се дојде до резултати. Справувањето со загадувањето на воздухот не е лесно, тоа е долгорочен процес и е неопходно вклучување повеќе чинители, а бара и координирани активности на повеќе нивоа: индивидуално, локално, национално и глобално. Со подигање на јавната свест, примена на напредни технолошки решенија и строга примена на законите за заштита на животната средина ќе успееме да дојдеме до почист воздух, изјави професорката Зенделска.

    Иако се прават напори за надминување на проблемот со загадувањето, далеку сме од чист воздух во нашиот град, констатираат нашите соговорници од Кавадарци. Додаваат дека, иако чистиот воздух зависи од многу фактори, алудирајќи и на индустријата, според нив, еден е многу важен, а тоа е човечката култура за чиста животна средина.

    Новинарска екипа: Наташа Гркова-Петрушевска, Викторија Станојевиќ, Љубица Јаневска-Ивановска

    Оваа тематска сторија е подготвена преку Здружението на новинарите на Македонија, а во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица. Овој проект е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од страна на Шведска.Ставовите изразени во оваа тематска сторија се на авторите и не секогаш ги одразуваат гледиштата на УНДП, Шведска како донатор и на другите партнери во проектот

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ГРАДОВИ НА ТРКАЛА-СКОПЈЕ И БИТОЛА ЗАДУШЕНИ ВО СООБРАЌАЈОТ
    септември 1, 2025

    Следен

    ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинари
    септември 2, 2025

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026
    169 (83)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Т-АЈМ ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
    5 октомври, 2026
    169 (80)
    Одржана Т-АЈМ обука за слобода на изразување, безбедност, истражување и етика во новинарството
    21 септември, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?