• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Авторското право и (не)почитувањето во работата на фоторепортерите

    Авторското право и (не)почитувањето во работата на фоторепортерите

    • Категории Активности
    • Датум ноември 23, 2023

    Законските обврски при преземање на авторските фотографии, скромната судска пракса за авторските права во македонскиот контекст но и потребата од колективно здружување за заштита на правата на фоторепортерите беа дел од темите на работниот состанок кој се одржа во ЗНМ, а на иницијатива на секцијата на фоторепортери при ЗНМ. Присутни беа група на професионални фоторепортери но и засегнатите страни од медиумската индустрија како и националниот експерт за авторско право Валентин Пепељугоски.

    Пред присутните колеги свои обраќања имаа извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски кој сподели што ЗНМ работи во изминатиов период на оваа тема, но и за последните трендови во контекст на неовластеното преземање на фотографии од страна на медиумите во Македонија.

    На работниот состанок пред присутните фоторепортерот Томислав Георгиев сподели дека ,,во денешно време имаме можност да ги кодираме нашите фотографии за да можеме некако да ги пресретнеме потенцијалните идни кражби на нашиот авторски труд. Во контекст на ова мораме да размислиме да се оформи некаква платформа преку ЗНМ за да се креира софтвер каде би можеле нашите фотографии да ги поставиме со некаков „вотермарк“, каде би имале контрола за потенцијалните кражби на фотографии“, рече Георгиев.

    Координаторот на секцијата на фоторепортери при ЗНМ, Петр Стојановски истакна дека во контекст на заштитата на нашите авторски права до сега постои тренд на подобрување на состојбата, односно дека помалку се преземаат авторски фотографии како и за праксата од странски агенции во делот на заштита на авторското право како и предизвиците во домашен контекст. Постојат неколку портали кои упорно прават вакви прекршоци, но сепак ова е вистинско време навистина да се постигне заеднички консензус во насока солидарно како фела да се реши овој проблем преку судски пат.

    Адвокатот Валентин Пепељугоски потенцираше дека постојат два начини на заштита на фоторепортерите, од првиот механизам е вонсудски а вториот преку тужби пред надлежните судови.

    ,,За почеток мора да се тргнат емоциите и мора да издржите, пиратството никогаш нема да се искорени. И покрај предупредувањата секогаш ќе има неовластено преземање на содржина. Колективна организација е вистинска опција која законот го овозможува тоа каде сите вие како членови ќе оформите ваш ценовник, на тој начин ќе ја олесните работата на обвинителството и судот во потенцијална постапка. Мора да размислите како фела да  оформите ваш ценовник за да избегнете скапо вештачење, потенцирајќи дека доколку постои ваков ценовник секогаш можете да се повикате на истата”, истакна Пепељугоски.

    Присутните имаа прилика да дебатираат на темата и да се констатираат неколку заклучоци кои во иднина ќе резултираат во практични чекори и активности во насока на поголема заштита на авторскиот труд, не само на фоторепортерите, туку и на сите медиумски работници во земјава. 

    Настанот е реализиран во рамките на проектот „Заштита на слободата на изразување и независноста на медиумите како столбови на демократијата во Република Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата на учесниците нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Спорната пресуда на судијата Јованка Спировска Панева регистрирана на Платформата за мапирање на медиумски слободи
    ноември 23, 2023

    Следен

    Повик за учество на новинари и медиумски работници во дводневна обука на тема „Справување  со загадувањето на воздухот во РС Македонија“ 14-15 декември 2023, во Скопје
    ноември 23, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?