Објавено во

Петте новинарски и медиумски организации (ЗНМ, ССНМ, МИМ, СЕМ и ИКС)
денеска се сретнаа со амбасадорите и високи претставници на амбасадите
и мисиите во земјава, на која се разговараше за можноста за обновување
на разговорите за медиумските реформи, предвидени во договорот од
Пржино и ургентните приоритетни реформи на Европската унија.

Претставниците на организациите изразија загриженост што политичките
партии не успеа да договорат реформи во медиуми пред петти јуни, како
клучен предуслов за одржување на фер и веродостојни избори. Тие
истакнаа дека е несфатливо во демократска држава владејачките партии и
спикерот на Собранието да одбиваат средба со новинарските организации.

Новинарските организации предложија политичките партии што ги
подржуваат предлозите на европскиот посредник Питер Ванхоуте да ги
достават во Собрание на усвојување, а меѓународниот фактор да ги
поддржи овие напори за реформи во медиумите пред изборите.

Од страна на претставниците на ЕУ и САД, и другите дипломатски
претставници беше потврдено дека силно застануваат зад предлозите на Питер
Ванхоуте за медиумските реформи.