Македонски

Здружението на новинарите тековно имплементира два проекти што се поддржани од странски донатори. 
 
Првиот проект насловен како Развој на инклузивна политика на медиумите (Inclusive media policy development), поддржан од Британската амбасада во Скопје има за цел да развие одржлив дијалог за судската пракса на слободата на изразување меѓу медиумите и судството во Македонија. Освен тоа, проектот предвидува и процес на стратешко планирање на ЗНМ за периодот 2015-2018 како и серија на обуки и консултативни средби на новинари на национално ниво.
 
Вториот проект насловен како Зголемување на транспарентноста на работата на институциите во сферата на медиумите (Increasing the transparency of the work of the institutions in the media sector) е поддржан од Германската и Француската амбасада во Скопје. Основните цел на овој проект се 1. Следење на работата на јавните институции во спроведувањето на законите поврзани со медиумите, 2. Следење на праксата на судовите во делата за клевета и навреда против новинари, 3. Проценка за ефектот на владините кампањи во медиумите, 4. Препораки и мерки кои ја подобруваат слободата на медиумите и слободата на говорот во Македонија и 5.Зголемувања на свесноста во јавноста за важни демократски процеси во Македонија.
 
Кон втората половина на 2015 година, ЗНМ ќе започне и со нов проект поддржан од Американската амбасада во Скопје кој ќе се фокусира кон зголемување на новинарските стандарди. Во проектот ќе бидат вклучени домашни и меѓународни фоторепортери кои ќе имаат прилика да работат заедно на новинарски задачи.
 
Сите активности кои ЗНМ ги презема се восогласност со усвоениот Стратешки план за три години на здружението како и со Акцискиот план за подобрување на медиумската ситуација кој беше изготвен од страна на медиумската заедница кон почетокот на 2012 година.