Потребно е да се пополни пристапница која може да се преземе од оваа страница, а чиј интегрален дел е и потврдата за професионален ангажман. Потребно е приложување и на кратка биографија. Потребните документи треба да се достават до канцеларијата на ЗНМ (Градски ѕид блок 13, 1000 Скопје ) заедно со две фотографии или електронски на contact@znm.org.mk. Годишната членарина е 300 денари. Членот кој не го обновил членството во ЗНМ повеќе од една година, треба да извади нова членска книшка со нов членски број а стариот му се брише од регистарот. Новата членска книшка заедно со обновената годишна членарина чини 350 денари. Паричните средства се плаќаат на сметката на ЗНМ во Комерцијална банка, трансакциона сметка 300000000776715

 
Управниот одбор на седница во април 2012 одбор донесе одлука да им овозможи на новинарите кои останале без работа, а кои ги исполнуваат условите за зачленување предвидени со Статутот, бесплатно да се зачленат во ЗНМ.  На оваа седница воедно членарината од 600 беше намалена на 300 денари за една година.

 
За повеќе контактирајте не на телефон: (02) 3298-139 или на contact@znm.org.mk
 
 

Македонски
Фајл: