Македонски

Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ) е основано во 1946 година. Член е на Меѓународната федерација на новинарите. ЗНМ е независно, самостојно, невладино и непартиско здружение, чија цел е да биде промотор и заштитник на професионалните стандарди и на слободата на изразување.
 
Посебни цели и задачи на ЗНМ се:
-Ја брани слободата на печатот, радиото, телевизијата и на другите медиуми,
-Се бори против нивната злоупотреба, создавањето монополи и било какви форми на цензура на штета на вистинитото, целосното, непристрас-ното и навременото информирање на јавноста,
-Ги заштитува и унапредува слободите, правата и одговорноста на новинарите, врз основа на Уставот и законите на Република Македонија, Статутот и актите на ЗНМ, како и меѓународните документи што се однесуваат на слободата на јавните гласила, и остварувањето на изразувањето и информирањето како основни човекови права,
-Го заштитува угледот и достоинството на новинарот и новинарската професија и ја заштитува и поттикнува слободата на критичкиот и креативниот труд, и
-Ги застапува членовите, ги претставува пред општествената заедница, активно учествува при подготовката на законските прописи и меѓународни конвенции од интерес на професијата и го брани професионалниот интерес согласно Кодексот на новинарите на Македонија.
 

 

Здружение на новинарите на Македонија
 

Градски Зид, блок 13 1000 Скопје, Македонија

Tel: 00389 (02) 3298-139
Fax: 00389 (02) 3116-447

mail: contact@znm.org.mk