Македонски

Советот на честа е единственото саморегулаторно тело на новинарите во Македонија. Неговата основна задача е да се грижи и да ги промовира етичките принципи, критериуми и стандарди на професионалното и одговорно новинарство наведени во Кодексот на новинарите на Македонија. Улогата на Советот на честа не е да биде цензура или да наметне автоцензура. Неговата улога е да ги поставува и брани принципите на етичното, избалансираното и објективното новинарство кое ги почитува човековите права при што целосно се запазува слободата на уредувачката политика на медиумот. Доброто или етичното новинарство е во интерес на јавноста. Тоа нуди информации кои се точни, проверени, избалансирани. Таквото новинарство е глас на јавноста и тоа не е и не смее да биде партизирано и мора да прави разлика меѓу фактите, коментарот и мислењето – со што практично ќе се разликува од пропагандното новинарство, или од таблоидното – кои задоволуваат некакви други цели или интереси и кои не се придржуваат целосно на Кодексот. Со запазувањето, почитувањето и промовирањето на Кодексот се подобрува кредибилитетот на медиумите во јавноста и тие се доживуваат не само како слободни туку и како одговорни. Во исто време, почитувањето на Кодексот го штити и самиот новинар – бидејќи му дава право да не прифати нешто што не е во согласност со професионалните стандарди и воедно го иззема од судот на другите оставајќи го на судот на колегите.
 
Контактирајте го Советот на  sovetnacest@znm.org.mk   Членови на Советот на честа се:  
Гордана Дувњак Утрински  
Урим Хасипи Коха
Илија Стефановски Радио Кочани
Мирјана Трпческа Канал 5
Фросина Лазаревска Плоштад
Каролина Мицевска Нов. Македонија
 
Поврзани информации: СООПШТЕНИЈА