Членство во Меѓународната Федерација на новинарите (ИФЈ)

Во пресрет на новите летни месеци новинарите имаат поголема мобилност низ земјите во светот.
Со цел полесно легитимирање како професионални новинари од Македонија, во можност сме да ви понудиме членство во Меѓународната Федерација на новинарите (ИФЈ), со што би се стекнале со официјална картичка на ИФЈ, со која се олеснува пристапот до официјални институции, личности и информации, а во многу случаи помогнала и при решавање на недоразбирања со воени и полициски патроли во конфликтни подрачја.
Исто така, би сакале да ве информираме дека со картичката за членство во Меѓународната Федерација на новинарите (ИФЈ) на располагање ви стојат и бројни попусти вклучувајќи ги и оние за јавен транспорт, влезници за институции, посети на музеи и други бенефиции за новинари. Бенефициите и попустите се разликуваат во секоја земја и ве охрабруваме да се обидете да ја користите на што е можно повеќе места.
Повеќе информации за членството можете да добиете на следната страница:
http://www.ifj.org/en/pages/international-press-card
Би сакале да ве информираме дека картичката од ИФЈ во Македонија можете да ја извадите во просториите на ЗНМ во Скопје. Членството во ИФЈ трае 2 години, а членарината изнесува 1.200,00 денари. Исто така, ве молиме да забележите дека ЗНМ има можност да ја издаде картичката од ИФЈ само на постојни членови на ЗНМ. Воедно, со цел да се олесни пристапот на нови членови, ЗНМ воведе пониска годишна членарина од 300,00 денари, а за новинарите кои се невработени членството е бесплатно. Новата поедноставена Пристапница за членство во ЗНМ, може да ја преземете овде.

Со почит,
Здружение на новинарите на Македонија