Членство во Меѓународната федерација на новинарите (МФН)

Со цел полесно легитимирање како професионални новинари од Македонија, во можност сме да Ви понудиме членство во Меѓународната федерација на новинарите (МФН), со што би се стекнале со официјална картичка на МФН, со која се олеснува пристапот до официјални институции, личности и информации, а во многу случаи помогнала и при решавање на недоразбирања со воени и полициски патроли во конфликтни подрачја.
Исто така, би сакале да Ве информираме дека со картичката за членство во Меѓународната Федерација на новинарите (ИФЈ) на располагање ви стојат и бројни попусти вклучувајќи ги и оние за јавен транспорт, влезници за институции, посети на музеи и други бенефиции за новинари.

Бенефициите и попустите се разликуваат во секоја земја и ве охрабруваме да се обидете да ја користите на што е можно повеќе места.
Повеќе информации за членството можете да добиете на следната страница: http://www.ifj.org/en/pages/international-press-card

Би сакале да Ве информираме дека картичката од МФН во Македонија можете да ја извадите во просториите на ЗНМ во Скопје.

Членството во МФН трае 2 години, а членарината изнесува 1.200,00 денари.

Воедно, со цел да се олесни пристапот на нови членови, ЗНМ воведе пониска годишна членарина од 300,00 денари, а за новинарите кои се невработени членството е бесплатно. Новата поедноставена Пристапница за членство во ЗНМ, може да ја преземете овде.
Здружение на новинарите на Македонија