Проекти

Проекти (национални):

Civica MOBILITAS

Здружението на новинари на Македонија од март 2015 година е корисник на институционален грант во рамките на Цивика мобилитас, програма за поддршка на граѓанското општество која започна да се спроведува во октомври 2014 година и ќе трае до септември 2018 година.

Цивика мобилитас го поддржува граѓанското општество во промовирање општествени промени во (стратешки) области, како што се добро владеење, децентрализација и развој на граѓанското општество. Исто така, се поддржува граѓанското општество и во упатувањето на три „трансверзални теми“: родовите прашања, меѓуетничките односи и миграциите.

Програмата се состои од три компоненти: Поддршка, вмрежување, учење; финансиска поддршка (грантови); истражување и развој. Буџетот за оваа програма изнесува околу 8 милиони швајцарски франци.

Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кои го спроведуваат
NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU)

 

civica_mobilitas_logo


Промоција и заштита на човековите права: Што можеме да научиме од Европската конвенција за човековите права, судски процес: „Селмани и останатите против Р. Македонија“ 

Здружението на новинарите на Македонија и Француската амбасада во Скопје на 08.06.2017 потпишаа договор за соработка со кој амбасадата финансиски ќе го поддржи изготвувањето на анализата на одлуката на судскиот процес Селмани и останатите против Република Македонија од Европскиот Суд за Човековите Права. По изготвувањето на оваа анализа ќе се оддржи семинарска обука на тема: „Спроведување на одлуката на ЕСЧП и имплементирање на позитивната судска практика во Македонија“ организирана од Здружението на новинари на Македонија. Целта на оваа соработка е создавање на платформа на која судии и новинари, одблизу, ќе можат да се запознаат со судската практика на ЕСЧП низ конкретната пресуда. Од овој семинар се очекува да се оствари подобра соработка меѓу нив, со што би се поттикнале транспарентноста, отчетноста и меѓусебната доверба.

france

Здружението на новинарите на Македонија го лансираше проект “Мрежа на новинари за медиумските слободи во Македонија”, финансиран од ЕУ, во рамките на приоритетот на слободата на медиумите на Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Проектот има за цел да се развие мрежа на новинари на ЗНМ и да се подигне свеста за етичко известување, медиумската само-регулација и помогне за подобрување на националната пракса во согласност со принципите на ЕУ и стандардите на Совет на Европа.

Создавање на поволен амбиент за слободни медиуми и подобрување на заштитата на новинарството е главната цел на овој проект. Преку зајакнување на капацитетите на Здружението на новинари на Македонија и само-регулаторните тела имаме за цел да се зголеми ефикасноста и кредибилитетот во проценка на примери на непрофесионално и неетичко новинарство.

Исто така, проектот се стреми да се спроведе дијалог со владата, креаторите на политики, судството, медиумите и меѓународните актери за да се придонесе на усогласување на медиумското законодавство и пракса во согласност со европските стандарди.

Европската федерација на новинари (EFJ) како наш надворешен партнер има клучна улога во спроведувањето на овој проект, со дополнителни најмногу три суб-грантисти од цивилното општество на локално ниво. Проектот ќе трае до 2019 година.

 

 

jaune
Проектот е финансиран од Европската Унија


Иницијатива за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци

 

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во партнерство со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) од февруари 2017 година го спроведува проектот: Иницијатива за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци.  Главната цел на проектот е да ги процени ефектите на постоечките политики врз уредничката слобода кои произлегуваат од Законот за аудио и аудио-визуелни услуги и да покрене застапување засновано на податоци за нови предлози и решенија. 
 
Една од специфичните цели на проектот е да спроведе сеопфатна анализа за влијаниата од постоечката регулатива спроведувана од регулаторното тело со фокус на ефектите врз слободата на изразување, особено уредничката слобода која е загрозена со прекумерната регулација во законот. 
 
Проектот исто така ќе ја опфати потребата и недостатокот на ефективен дијалог помеѓу главните засегнати страни преку креирање на консултативни механизми за усвојување на предлозите и решенијата за политиките за прашањата поврзани со медиумската регулација и слободата на изразување. Ќе се спроведе и кампања како дел од процесот на застапување засновано на податоци која ќе има за цел да ги објасни и поттикне засегнтите страни и јавноста за потребата и релевантноста на предложените интервенции во политиките кои ќе призлезат од претходно спроведената анализа. 
Дополнително проектот ќе овозможи јакнење на капацитетите на организациите и граѓанските иницијативи кои дејствуваат на полето на слободата на изразување во медиумите преку нивна обука за истражување ориентирано кон јавни политики и користење на податоци во процесот на застапување (застапување засновано на податоци). 
 
Проектот се реализира како дел од програмата Civil Society Facility на IPA 2 (the Instrument For Pre-Accession Assistance) инструментот на Европската Унија за Македонија.  
1490706570-tizer%20ipa%20mk

Регионални проекти:

 

Регионален проект “Регионална платформа на западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и за заштита на новинарите”.

Во соработка помеѓу шест независни новинарски здруженија од западен Балкан, ЗНМ (Македонија) заедно со партнерските организации од Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора и Србија ќе се залагаат за застапување на стандардите на ЕУ за слободата на медиумите и медиумскиот плурализам.

Специфична цел на овој проект е создавање на онлајн платформа “Систем за рано предупредување и превенција„ како механизам за заедничко лобирање за имплементација на стандардите на ЕУ во областа на медиумите и превенција на злоупотреба, преку градење на капацитетите, вмрежување и размена на знаења помеѓу шесте регионални здруженија на новинарите.

Проектот е финансиран од страна на Европската комисија, како дел од програмата за медиуми за поддршка на регионалните тематски мрежи на организации од граѓанското општество.

 

jaune
Проектот е финансиран од Европската Унија

ИЗМИНАТИ ПРОЕКТИ:

Промоција на фоторепортеството

Грантот е спроведен од страна на Здружението на новинарите на Македонија како поддршка во остварување на своите стратешки цели за зголемување на професионалните стандарди на новинарите во земјата.

Овој проект има за цел директно да вклучи најмалку 20 професионални фоторепортери, кои се подготвени да ги надградат своите знаења во заеднички процес на know-how во соработка со експерти од САД.

Проектот има за цел да ја вклучи и пошироката јавност.

Во Охрид беше оддржана обука за фотоновинаство со експерт од САД, и исто така во наредниот период се планира да има слични активности и во градот Скопје.

US Embassy Logo