Превземи пријава

Членство на ЗНМ

Потребно е да се пополни пристапница која може да се преземе од оваа страница, а чиј интегрален дел е и потврдата за професионален ангажман. Потребно е приложување и на кратка биографија.

Документите треба да се достават до канцеларијата на ЗНМ (Градски ѕид блок 13, 1000 Скопје ) заедно со две фотографии или електронски на contact@znm.org.mk

Членарината за две години изнесува 600 денари.

Средствата се уплаќаат на сметката на ЗНМ во Комерцијална банка, трансакциона сметка 300000000776715 со назнака за членарина во ЗНМ

Управниот одбор на седница во април 2012 одбор донесе одлука да им овозможи на новинарите кои останале без работа, а кои ги исполнуваат условите за зачленување предвидени со Статутот, бесплатно да се зачленат во ЗНМ.  На оваа седница воедно членарината од 600 беше намалена на 300 денари за една година.
За повеќе контактирајте не на телефон: (02) 3298-139 или на contact@znm.org.mk

Услови за редовно членство

Член на ЗНМ може да биде секој новинар кој: најмалку една година се занимава со новинарство.

Услови за придружно членство

Придружни членови можат да бидат лицата вработени во јавни служби, образовни, научни, културни, стопански и други институции, публицисти и слично кои повремено се занимаваат со новинарство или поранешни редовни членови чие членство од причини наведени во Статутот на ЗНМ постојано или повремено преминало во придружно.  Под придружно членство се подразбира членство во ЗНМ кое во однос на правата и обврските е изедначено со редовното членство, со исклучок на правото да избираат и да бидат избрани во органите и телата на ЗНМ и немаат право да одлучуваат за Статутот на ЗНМ. Тие имаат право да ги користат придобивките што ги овозможува ЗНМ и Меѓународната федерација на новинари (IFJ). Придружниот член има право да изнесува мислења и ставови за работата на органите и телата на ЗНМ, да ја користи правната заштита за новинарската работа и да поседува членска книшка на ЗНМ.   Придружното членство е со траење до моментот кога истото по автоматизам ќе се трансформира во редовно полноправно членство со редовна висина на членарината во согласност со одредбите за висина на членарината. Постапката за прием во придружно членство е идентична како онаа за редовно членство, а висината на членарината се одредува на ист начин како и за редовните членки.

Услови за почесни членови

ЗНМ прима и почесни членови со одлука на мнозинството членови на Управниот одбор. Почесни членови можат да бидат и странци. За почесен член на ЗНМ може да се прими и лице кое не е новинар по професија, но кое со своето залагање или соработка со ЗНМ дало значаен афирмативен придонес во работењето или развојот на ЗНМ. Почесните членови имаат право да ја следат работата на Собранието на ЗНМ, без право на свои претставници во Собранието на ЗНМ и без учество во одлучувањето.

.