Историјат

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е здружение на професионалните новинари од Република Македонија. Основано е на 17 февруари 1946 година во Скопје како Здружение на професионалните новинари на Народна Република Македонија.
„…На седумнаесети февруари 1946 година, во салата на Градскиот народен одбор во Скопје, на повик на Акциониот одбор за основање на Здружение на професионалните новинари на Народна република Македонија, се состанаа новинарите од следниве скопски редакции: “Нова Македонија”, „Трудбеник”,„Единство”, Радио Скопје и дописништвото на агенцијата Танјуг и го основаа првото здружение на новинарите во историјата на Македонија.
После дискусијата за претседател на Здружението на новинарите на Македонија едногласно беше избран Мито Хаџивасилев – Јасмин, одговорен уредник на „Нова Македонија”. За потпретседатели се избрани Асен Тодоров, уредник на дописништвото на „Танјуг” и др Пиетро Јанура, одговорен уредник на весникот „Фљака е влазримит”, за секретар Дејан Алексиќ, раководител на дописништвото „Танјуг”, а за благајник Тошо Шкартов, член на редакцијата „Нова Македонија”. Собранието избра Пленум, Надзорен одбор и Суд на честа. За почесни членови едногласно беа избрани: Димитар Влахов, др. Павел Шатев, Бане Андреев, Алексо Муртаклов, Димитар Поп Ефтимов, Киро Миљовски, Веселинка Малинска и Љиљана Чаловска..”. (Извадок од монографијата „Сребрен јубилеј на СНЈ“ – Сојуз на новинарите на Југославија)
Претседателство на ЗНМ од основањето до денес:

1946

претседател:Мито Хаџивасилев – Јасмин
потпретседатели: Асен Тодоров и Пјетро Јанура
секретар: Дејан Алексиќ

1948

претседател: Илија Топаловски

1949

претседател: Ванчо Апостолски

1952

претседател: Мито Хаџивасилев – Јасмин
потпретседатели:Јован Поповски и Ванчо Апостолски
секретар:Тахир Ќамуран

1954

претседател:Веселинка Малинска
потпретседател:Јован Поповски

1956

претседател: Томе Момировски

1958

претседател: Боро Петковски

1960

претседател: Тошо Поповски

1962

претседател: Нешо Марковски
потпретседател: Љубен Апостолски
секретар: Свето Серафимов

1963

претседател:Бане Ковач
потпретседател: Ружа Бак
секретар: Борис Попѓорчев

1967

претседател:Јован Поповски
потпретседател:Борис Попѓорчев
секретар:Александар Ачковски

1969

претседател:Александар Алексиев
потпретседател:Муртеза Пеша
секретар:Драги Милошевски

1970

претседател:Илија Зафировски
потпретседател:Ристо Шуплински
секретар:Јосиф Џочков

1973

претседател:Благоја Стоилковски
потпретседател:Мендух Ајдини
секретар:Гроздан Попов

1978

претседател:Чедо Стојковски
потпретседател:Насте Стојкоски
секретар:Сталин Лозановски

1980

претседател:Филип Симоновски
потпретседател:Сталин Лозановски

1981

претседател:Владо Апостолски
секретар:Сталин Лозановски

1982

претседател:Сталин Лозановски
секретар:Томе Груевски

1984

претседател:Насте Стојкоски
секретар:Мартин Треневски

1985

претседател:Насте Стојкоски
потпретседател:Фиданка Танаскова

1986

претседател:Петре Клинкаров
секретар:Фиданка Танаскова

1989

претседател:Фиданка Танаскова
секретар:Славе Николовски

1992

претседател:Стојан Насев
секретар:Љубе Профиловски

1997

претседател:Мирјана Димовска
секретар:Љубе Профиловски

2001

претседател:Иван Андреевски
секретар:Сашо Чолаковски

2002

претседател:Иван Андреевски
секретар:Роберт Поповски

2006

претседател:Роберт Поповски
секретар:Газменд Ајдини