Визија и Мисија

Визија на ЗНМ
Новинарите во Република Македонија работат во медиуми каде се обезбедени основните права и слободи, гарантирани се професионалните и материјалните услови за работа, постои висока солидарност меѓу нив во случаи на прекршување на слободата на изразување и се потврдени професионалните стандарди,  етика и интегритетот на новинарската професија.

Мисија на ЗНМ
ЗНМ е водечка национална организација која ги обединува новинарите во РМ за заштита на слободата на говорот, независноста на медиумите, преку залагање за почитување на највисоките европски стандарди за работа на медиумите и на новинарите. Се стреми кон зголемување на новинарската солидарност и заедништво, како и кон подигање на професионалното ниво и етичките норми на новинарите вo РМ.