Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Советот на честа за „Агентите“ објавен во „Република“

znm_logoWEB1
admin
петок 28 ноември, 2014петок 28 ноември, 2014/ петок 28 ноември, 2014

Предмет: Одговор на претставката за текстот под наслов „Агенти кои земаат повеќе од што заслужуваат“ објавен во „Република“ на 22 ноември 2014 година
Советот на честа на Здружението на новинари на Македонија ја разгледа претставката поднесена од Марија Васева, новинар на „Плусинфо“, подржана од редакцијата на „Плусинфо“, и од Лидија Димова (како физичко лице) која се однесува на текстот под наслов „Агенти кои земаат повеќе од што заслужуваат“, објавен на веб-страната на неделникот „Република“ на 11 ноември 2014 година и е од непознат автор.
Новинарите на „Република“, според писменото образложение на главниот уредник на веб-изданието на неделникот, не се членови на ЗНМ, поради што Советот на честа не покренува постапка, што е во согласнот со Правилникот за работа.
Независно од ова, Советот на честа смета дека говорот на омраза (доволно е само да се погледне насловот „Агенти кои земаат повеќе од што заслужуваат“) не е манифестација на правото на слободата на изразување, туку негова злоупотреба и негација (што повеќепати до сега е кажано). Уште еднаш потсетуваме дека одговорноста за јавно искажаниот збор и почитувањето на основните етички принципи важат за сите новинари, без оглед на тоа дали се членови на ЗНМ или на било кое друго еснафско здружение.
Апелираме до сите новинари енергијата да ја насочат кон почитување на етичките и други стандарди од Кодексот на новинарите. Истовремено, укажуваме дека новинарите се обврзани да го чуваат угледот и достоинството на професијата, да поттикнуваат на солидарност и да не ги користат медиумите за лична пресметка.

Со почит,
Совет на честа

28.11.2014

facebooktwittergoogle_pluslinkedin

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>