Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Совет на чест со одговор на претставката од Кабинетот на Претседателот на РМ

znm_logoWEB1
admin
среда 15 април, 2015среда 15 април, 2015/ среда 15 април, 2015

Советот на честа со големо внимание ја разгледа преставката поднесена од Кабинетот на Претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов ,а во врска со објавениот текст во весникот Вест со наслов ,, Иванов во изолација на Водно,, на новинарот Милена Ѓорѓиевска.( Вест бр.4431,26 март 2015)

Ценејќи ги Вашите укажувања ,како и анализирајќи го внимателно текстот што е предмет на Вашата реакција , Советот на честа заклучи дека нема елементи на прекршување на Кодексот на новинари .Новинарката Ѓорѓиевска како автор на текстот се придржувала кон сите норми од Кодексот, ги запазила професионалните стандарди , етичко однесување и објективно известување.

Токму во првата реченица од текстот, авторот прецизира дека предмет на анализа ќе бидат официјалните меѓународни државнички средби на Претседателот,а не работните средби со министри и со дипломати или неговата меѓународната активност .

Советот на честа цени дека новинарот постапил професионално кога објавил дел од меѓународната или друг вид активност на Претседателот, притоа задржувајќи го правото на избор што ќе објави,заради квалитет и должина на текстот, но не правејќи непринципиелна селекција.

Во врска со Вашата забелешка дека не е контактиран и не е побаран став од Кабинетот на Претседателот, сметаме дека авторот на текстот можел да побара дополнително објаснување за темата што ја обработува.

Сепак, и во овој дел се запазени професионалните стандарди,бидејќи информациите се црпат од официјалниот сајт на инстиуцијата,кој секако е релевантен извор.

Советот на честа заклучи дека Вест и авторот на текстот ,,Иванов во изолација на Водно,, постапиле професионално и не направиле манипулативно и селективно толкување на фактите, не е направена конструкција и дезинформација на јавноста.

Скопје,9 април 2015 Со почит,
Совет на чест при ЗНМ

facebooktwittergoogle_pluslinkedin

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>