Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Реакција на Советот на честа при ЗНМ

znm_logoWEB1
admin
среда 15 април, 2015среда 15 април, 2015/ среда 15 април, 2015

Заради се почестите претставки од граѓани, фирми и граѓански организации за пишувањето и известувањето на радиодифузерите, печатените медиуми и интернет порталите, Советот на честа изразува загриженост заради непридржувањето кон Кодексот на новинари. Исто така непримерна е злоупотребата на новинарите од страна на разни центри на моќ кои влијаат да промовираат сопствени интереси.

Советот на честа укажува дека сите што работат во било кој вид медиум без оглед на тоа дали се новинари по вокација или не, мора да водат сметка за тоа што објавуваат, каков речник користат и со какви аргументи настапуваат во своите информации, особено кога се тие директно насочени против некого или против некоја фирма или граѓанска организација. Од тие причини предупредуваме дека во огромен број случаи се објавуваат непроверени информации или непотпишани текстови во кои се кршат новинарските професионални и етички норми и стандарди. При тоа многу често се шири говор на омраза и се создава состојба на линч против неистомисленици или во најмала рака нетрпеливост кон одредени личности и групи.

Советот на честа потсетува дека и интернет порталите ги имаат сите права и обврски како и другите медиуми и токму поради тоа треба да водат сметка и да придонесуваат за заштита на слободата на говорот и на новинарството како професија, а не да поттикнуваат ширење на говор на омраза, нетолеранција и оцрнување на личности и групи.

Со почит,
Совет на честа при ЗНМ

Скопје, 15.04.2015

facebooktwittergoogle_pluslinkedin

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>