Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Предмет: Одговор на претставка добиена од судија Габриела Гајдова

ZNM
Thursday 9 August, 2018Thursday 9 August, 2018/ Thursday 9 August, 2018

Советот на честа на ЗНМ ја разгледа претставката поднесена од судија Габриела Гајдова од Основен суд Велес поднесена на 20.07.2018 година, а во врска со објавените текстови на „ти реков ми рече“, потпишани од авторот Петар Печков. Според подносителот на претставката, двата текста се тенденциозни и содржат голем број на неточни информации, а со намера да се атакува врз честа и угледот на конкретниот судија и Основниот суд Велес со цел тие да се дискредитираат. Дополнително, во претставката стои дека објавените текстови биле коментирани од читатели во кои биле изречени сериозни намери и клевети.

Советот констатираше дека авторот не се придржувал до етичките принципи на Кодексот на новинарите и дека во текстовите навел неточни информации без да ги провери, веројатно со намера да се пресмета со подносителот на претставката. Освен тоа, тој и на крајно субјективен начин го опишува однесувањето на судијката без да се занимава со самата пресуда. Останува нејасно, што е јавниот интерес од објавените текстови земајќи во предвид дека е важно да се објават информации од пресудата, а не дали некој чинител зборувал на телефон и колку време зборувал. Без да се навлезе во тоа какви меѓусебни односи имаат новинарот и подносителот на текстот, Советот на честа укажува дека медиумите не смеат да се користат за лични пресметки.

 

Совет на честa при ЗНМ

08 август 2018 година

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin