Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Предмет: Одговор на претставка добиена од Сашо Денесовски за текст објавен на „мактел.мк“ а насловен како „ШОКАНТНО: „Познат охридски новинар и рекетар ги рента своите ќерки низ хотели во Охрид,   Фото галерија од ќерките“

ZNM
четврток 31 мај, 2018четврток 31 мај, 2018/ четврток 31 мај, 2018

Советот на честа на ЗНМ ја разгледа претставката поднесена од Сашо Денесовски на 17.05.2018 година, а во врска со текстот објавен на порталот „мактел.мк“ на 17.05.2018 година, со наслов -„ШОКАНТНО: „Познат охридски новинар и рекетар ги рента своите ќерки низ хотели во Охрид,   Фото галерија од ќерките“ од непотпишан автор, според која подносителот се жали дека е прекршен Кодексот на новинарите на Македонија. Според подносителот на претставката овој текст содржи говор на омраза како и нарушување на приватностa преку објавување на фотографии од близок член на семејството проследени со крајно недолична содржина.

Советот констатираше дека непознатиот автор со оваа објава на „мактел.мк“ прекршил неколку начела на Кодексот на новинарите со тоа што најпрво на крајно шпекултивен начин без проверка на информациите и со очигледна намера да се пресмета со подносителот на претставката, третира тема која воопшто не е од јавен интерес, а истовремено навлегува во приватноста на блиски членови на семејство на засегнатиот. Освен ова, Советот смета дека е јасна тенденцијата, без да се наведе извор на информацијата, ниту пак истата да се провери со втората или повеќе страни, оваа шпекулација да нанесе штета и да го наруши личниот интегритет на подносителот на претставката и на неговите блиски.

Не навлегувајќи во меѓусебните односи на подносителот на претставката и авторот на текстот, Советот укажува дека не смее да се користат јавно објавени шпекулации за семејни прилики во лични пресметки. Потсетуваме дека митото, корупцијата и изнудувањето се неспоиви со новинарската професија.

Со почит,

Совет на чест при ЗНМ

                                                             30 мај 2018 година

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin