Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ПРОДОЛЖУВАЊЕ на рокот за аплицирање за финансиска подршка на граѓанските организации

ZNM
четврток 31 мај, 2018четврток 31 мај, 2018/ четврток 31 мај, 2018

Институтот за општествени и хуманистички науки Скопје во партнерство со Здружението на новинари на Македонија во рамки на проектот „Иницијативи за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци“ поддржан од ЕУ во рамките на ИПА Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите, објавува ПОВИК за доделување на финансиска поддршка на граѓански организации (линк до повикот: http://znm.org.mk/?p=4436)

Право на учество на повикот за доделување финансиска поддршка имаат организации кои постојат најмалку една година во Централниот регистар на Република Македонија и кои работат на полето на застапување на правото на слобода на изразување. Предност имаат организации кои учествувале на двете обуки за застапување засновано на податоци организирани во рамките на проектот „Иницијативи за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци“.

Финансиската поддршка се доделува со цел зајакнување на капацитетите на организациите кои работат во полето на слобода на изразување за пристапот на застапување и креирање јавни полкитики засновани на податоци.

Очекуваните резултати од спроведувањето на акциите се:

• Изработка на медиумски производ, студија на случај која има за цел застапување на слободата на изразување со користење на податоци. 
• Реализација на кампањата „Студии на случај – податоците раскажуваат приказни“ која има за цел да промовира предлози за промена на политиките во сферата на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во рамките на конкурсот обезбеден е фонд во вкупен износ од 25 000 eвра, од кој ќе бидат доделени не повеќе од 5 грантови во максимален износ од 5 000 евра, наменети за финансиска поддршка на акции на застапување на слободата на изразување како дел од кампањата „Студии на случај – податоците раскажуваат приказни “.

Рокот за поднесување на пријавите е 20 Јуни со доставување на потребната документација на е-маил адресата: info@isshs.edu.mk

Сите потребни формулари како и деталниот повик можете да ги најдете во прилог на овој меил или на следниот линк: http://bit.ly/povikzagraganski

Доколку имате дополнителни прашања или потреба од појаснувања ве молиме да се обратите по писмен пат на следниве контакти:
Ана Блажева: ana.blazeva@isshs.edu.mk 
Драган Секуловски: dsekulovski@znm.org.mk

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin