Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одговор на Претставка добиена од г.Роберт Поповски за текст објавен во порталот „ДоказМ“ со наслов: „Имало силувач у Влада, сега откриваме се работи за Роберт Поповски министерот за пропаганда“

ZNM
вторник 24 април, 2018вторник 24 април, 2018/ вторник 24 април, 2018

Советот на честа на седница одржана на 17.04.2018 година ја разгледа претставката на министерот за транспарентност и отчетност г.Роберт Поповски, во врска со неетичко известување од порталот Доказ.М, кој на осми февруари објавил текст со наслов „Имало силувач у Влада, сега откриваме се работи за Роберт Поповски министерот за пропаганда“.

Советот на честа стапи во контакт со одговорното лице во поралот ДоказМ, кој тврди дека наводите на објавениот текст се засновани на извори, кои ќе ги искористи ако биде поведена судска постапка.

И покрај тоа што авторот на текстот Марјан Стаменковски, не е член на Здружението на новинари на Македонија, Советот се произнесе со мислење дека во посочениот текст се прекршени повеќе одредби од Кодексот на новинарите.

Советот оценува дека текстот изобилува со непроверени информации, етикетирања, навреди, без да се понудат докази или изјави од засегнати страни. Поради тоа, ваквиот начин на пишување, го нарушува угледот и честа на министерот Поповски.

Јавните личности треба да бидат објект на критика и обсервација од новинарите, меѓутоа тоа треба да се направи на професионален и аргументиран начин.

Советот смета дека објавувањето на вакви текстови немаат ништо заедничко со слободата на медиумите, туку се нејзина негација и ја деградираат новинарската професија.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin