Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одговор на претставка поднесена од адвокат Игор Марковски во име на Клиничка болница Тетово – за текст објавен на порталот “Shqipmedia“

ZNM
Tuesday 24 April, 2018Tuesday 24 April, 2018/ Tuesday 24 April, 2018

Советот на честа на ЗНМ на седницата одржана на 17.04. 2018 година ја разгледуваше претставката поднесена преку адвокатот Игор Марковски од Клиничката болница во Тетово.

Советот утврди дека претставката е поднесена со намера да послужи како дополнителен аргумент за покренување на судска постапка за клевета и навреда против порталот. Советот зазеде став да не одлучува по претставката, затоа што идејата на нашето постапување е да се утврди евентуална повреда на етичкиот Кодекс на новинарите на Македонија. И, со тоа, авторот на текстот да добие укор од новинарската “фела“ за прекршување на етичките стандарди, а засегнатата страна да добие морална сатисфакција, дека му се повредена личните слободи и права.

Ставот на Советот е дека нашите одлуки не смеат да се користат во судски постапки. Ако Вашата намера е овој случај да го расчистите на суд, тогаш нашето мислење не е важно.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin