Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одговор на претставка од Полио Плус – движење против хендикеп од Скопје, за пренесена изјава на пратеникот Антонио Милошоски на ТВ 21 на 23.12.2017 година во прилог со наслов “Конгрес без целосен леигитимитет е еднакво на претседател со хендикеп“

znm_logoWEB
ZNM
вторник 24 април, 2018вторник 24 април, 2018/ вторник 24 април, 2018

Советот на честа на ЗНМ, на седницата одржана на 17.04.2018 година, ја разгледа претставката и утврди дека се работи за дискриминаторски говор искажан од пратеникот Милошоски, со кои тој, сакајќи да даде мислење за начинот на избор на новиот лидер на ВМРО –ДПМНЕ, ги омаловажува лицата со посебни потреби.

Советот смета дека медиумите не треба да имаат одговорност за пренесување на туѓи ставови, иако е нивна обврска ваквите изјави да ги стави во контекст од кој гледачите ќе добијат јасен впечаток дека станува збор за дискриминаторски говор кој е неприфатлив во јавниот дискурс.

Советот на честа, Ви сугерира случајот да го пријавите во Комисијата за заштита од дискриминација.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin