Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одговор на претставка поднесена од д-р Ненад Живановски за фотографија на насловната страница на “Слободен печат“ и насловот – коментарот кон неа: “Вмровците ги покажаа забите“

ZNM
Tuesday 24 April, 2018Tuesday 24 April, 2018/ Tuesday 24 April, 2018

Советот на честа на ЗНМ, на седницата одржана на 17.04.2018 година ја разгледуваше претставката поднесена од д-р Ненад Живановски за објавената фотографија на насловната страница на “Слободен печат“ на 15 март 2018 година со наслов – “Вмровците ги покажаа забите“.

Советот утврди дека со објавената фотографија не се прекршени начелата од Кодексот на новинарите на Македонија. Фотографијата е автентична од протестот што се одржа ден претходно пред Собранието на Македонија, а лицата кои што учествуваат на јавни настани, треба да бидат свесни дека може да бидат под лупата на медиумите. Новинарите имаат право од различни агли да известуваат за настани од јавен интерес. Плурализмот во медиумите е важен сегмент од слободата на изразување.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin