Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одговор на претставка добиена од Жанета Здравковска, Анета Блажевска и Емилија Мисирлиевски за текст објавен на порталот “Доказ М“

znm_logoWEB
ZNM
вторник 24 април, 2018вторник 24 април, 2018/ вторник 24 април, 2018

Советот на честа на ЗНМ на седницата одржана на 17.04.2018 година ја разгледуваше претставката од колешките Жанета Здравковска, Анета Блажевска и Емилија Мисирлиевски од Битола за текст објавен на 9 јануари 2018 година на Порталот “Доказ М“ насловен како “Овој јадник од Битола частеше новинарките ручек, сега само интервјуа пука, МЕР и фаца абе не зезај“,   кои се жалат дека авторот на написот го прекршил Кодексот на новинарите, нарушувајќи ја и нивната приватност.

Советот контактираше со авторот и уредникот на порталот Марјан Стаменковски, кој иако не е член на Здружението на новинарите, сепак Советот постапуваше по преставката и побара одговор за посочениот напис.

По разгледувањето на претставката, Советот заклучи дека авторот во еден дел од текстот ги прекршил начелата на Кодексот на новинарите. Стаменковски ги обвинил новинарите за клиентелистички релации со директорот МЕР, Благојче Котевски, при тоа не побарал став од инволвираните страни. Освен тоа тој се впуштил во коментирање без да изнесе било какви факти.

Во врска со Вашата реакција за објавената фотографија, Советот на честа смета дека не е нарушена вашата приватност затоа што истата претходно веќе била јавно објавена  на социјалните мрежи.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin