Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Се бара еднаков третман на нападите врз новинарите и политичарите

ZNM
среда 28 март, 2018среда 28 март, 2018/ среда 28 март, 2018

Претставникот на Здружението на новинарите на Македонија, Дениз Сулејман денес учествуваше на дискусија на која беа презентирани резултатите од истражувањето за ефикасноста на механизмот на одредници на Европската Унија во Македонија.

Сулејман коментирајќи го делот на истражувањето поврзано со медиуми рече дека насилството против новинари не се третира еднакво како нападите на политичарите. „Во Собранието на 27 Април минатата година меѓу другите беа нападнати и новинари. За жал досега ниту еден од напаѓачите на новинарите не беше казнет“, рече тој.

Тој се пожали и на селективен однос на Јавното обвинителство во однос на заканите и нападите врз новинарите.

Во истражувањето меѓу другото се збори и за недоволната финансиска независност на Македонската Радио Телевизија. Во врска со тоа прашање, Сулејман додаде дека е невозможно да се спроведат вистински реформи во МРТ со намалување на финансиите, особено ако се земе предвид дека обврските на МРТ ќе се зголемат со отворање на два нови телевизиски канали и еден радио канал.

Истражувањето е спроведено од страна на Институтот за европска политика (ЕПИ), во рамките на проектот БЕНЧЕР.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin