Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Иванов ги поврзува новинарите со тајната служба

Slika od pres
ZNM
понеделник 26 февруари, 2018понеделник 26 февруари, 2018/ понеделник 26 февруари, 2018

Здружението на новинари на Македонија изразува сериозна загриженост што Kабинетот на претседателот Ѓорге Иванов во изминатиот период им понудил безбедносни сертификати на одредени новинари наводно во име на поголема транспаретноста на институцијата.

Имаме сериозни информации дека најголем дел од новинарите што се повикани на брифингот  во кабинетот на Претседателот потпишале бланко барање за добивање безбедносен сертификат, без да имаат можност да се информираат за правата и обврските на носителите на ваков сертификат и како тоа ќе се одрази на нивната работа.

Сметаме дека доделувањето на вакви сертификати за новинари од безбедносните служби претставува притисок врз новинарската професија, со тоа што новинарите од стожери на јавниот интерес ги претвара во државни службеници. Ваквиот непромислен потег на претседателот Иванов ја загрозува и слободата на медиумите и претставува обид за контрола, затоа што поврзување на новинарите со безбедносните служби дополнително ќе ја зајакне самоцензурата.

Го повикуваме претседателот Ѓорге Иванов да им нареди на неговите советници веднаш да ја прекинат постапката за издавање безбедносни сертификати на новинарите. Ако претседателот сака да ја зголеми транспаретноста тоа може да се направи со почести контакти со медиумите и објавување на сите информации од јавен карактер со кои располага институцијата.

Исто така, ги повикуваме колегите веднаш да се откажат од барањњето за добивање сертификат бидејќи тоа е во спротивност со Кодексот на новинари. Тој нè обврзува да ги почитуваме законите на земјата, но исто така бара од нас да не сокриеме информација, што е во спротивност со јавиот интерес.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: